Не е потврдено дека децата се во огромен ризик од смрт и нуспојави по ковид вакцинацијата

Фото: pixabay.com

Индивидуалните пријави и сите детали во системот на ВАЕРС не се потврдени и верифицирани, односно станува збор за случаи каде со самопријавување се даваат информации и тие не се поентата на пристапот на ВАЕРС, односно нивната цел. Со други зборови, станува збор за ран систем на предупредување, а не точен инструмент за мерење на нуспојавите. Системот не потврдува дали и во кои случаи е потврдено дека смртта е резултат на самата вакцина, односно дека има причинско-последична врска меѓу вакцината и евентуалното настапување на смрт. Меѓутоа, во постот што го рецензираме, пријавите во ВАЕРС погрешно и манипулативно се претставени како да се смртни случаи исклучиво поради вакцината

Индивидуалните пријави и сите детали во системот на ВАЕРС не се потврдени и верифицирани, односно станува збор за случаи каде со самопријавување се даваат информации и тие не се поентата на пристапот на ВАЕРС, односно нивната цел. Со други зборови, станува збор за ран систем на предупредување, а не точен инструмент за мерење на нуспојавите. Системот не потврдува дали и во кои случаи е потврдено дека смртта е резултат на самата вакцина, односно дека има причинско-последична врска меѓу вакцината и евентуалното настапување на смрт. Меѓутоа, во постот што го рецензираме, пријавите во ВАЕРС погрешно и манипулативно се претставени како да се смртни случаи исклучиво поради вакцината

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели дека податоците од Центарот за контрола и превенција на болести на САД и податоци од системот ВАЕРС покажале дека по примањето на вакцината против ковид-19 децата се во огромен ризик од добивање нуспојави и смртен исход.

09.09.2022
ПОДАТОЦИ НА ЦДЦ И ВАЕРС
ПО ПРИМАЊЕТО НА BAKЦИНА ЗА KOBИД 19 ДЕЦАТА СЕ ВО ОГРОМЕН РИЗИК ОД ДОБИВАЊЕ НУС-ПОЈАВИ И СМРТЕН ИСХОД!

Во сoстав на постот споделен е и линк од сајтот Коловрт, каде се вели дека податоци од Центарот за контрола и превенција на болести и системот за известување за несакани реакции од вакцини ВАЕРС откриле ризик од вакцината кај децата. Во текстот се тврди дека претприемач забележал дека во ВАЕРС биле наведени 45 извештаи за деца кои починале откако примиле вакцина против ковид-19, а од нив 27 биле совршено здрави пред вакцинацијата.

Меѓутоа, ВАЕРС системот не може и не смее да се користи за да се носат вакви заклучоци, односно кога се носи заклучок базирано на ВАЕРС, дека има причинско-последична врска меѓу настапената смрт и вакцинацијата, тоа не е методолошки точен принцип.

Индивидуалните пријави и сите детали во системот на ВАЕРС не се потврдени и верифицирани, односно станува збор за случаи каде со самопријавување се даваат информации и тие не се поентата на пристапот на ВАЕРС, односно нивната цел. Со други зборови, се работи за ран систем на предупредување, а не точен инструмент за мерење на нуспојавите. Самиот центар за контрола и превенција на болести во САД има тринаесетминутно видео во кое во детали е објаснето како да се пристапи во системот ВАЕРС, а кое е објавено од 2015 година.

Портпаролката на Американската агенција за храна и лекови, Алисон Хант, за проверувачи на факти  во САД изјавила:

Пријавените случаи на ВАЕРС се неверификувани извештаи. Тоа што некој ќе пријави несакан ефект на ВАЕРС не е документација дека вакцината го предизвикала ефектот. Кога би имало зголемен број на смртни случаи, тоа би го задржало вниманието на властите. Сите извештаи за несакани ефекти од вакцинацијата ги сфаќаме сериозно, а во случајот на ковид-19 вакцините, Центарот за контрола и превенција на болести активно е ангажиран да ја следи безбедноста на овие вакцини. Секоја пријава за смрт по администрирањето на вакцината брзо и ригорозно се истражува заедно со Агенцијата за храна и лекови и Центарот за контрола и превенција на болести. Се прави опсервација на секој клинички случај. Дополнително имаме и голем број начини на кои ја мониторираме самата безбедност на вакцините, вели таа додавајќи дека досега нема зголемување на смртноста поради вакцините.

Лекарите во САД со закон се обврзани да ги пријавуваат сите несакани ефекти кои се појавуваат одреден период по вакцинацијата. Како што е наведено, секој може да поднесе извештај во системот на ВАЕРС. Самиот систем ВАЕРС наведува дека индивидуалните случаи кои се пријавени, не се потврдени. Системот не потврдува дали и во кои случаи е потврдено дека смртта е резултат на самата вакцина, односно дека има причинско-последична врска меѓу вакцината и евентуалното настапување на смрт. Меѓутоа, во постот што го рецензираме, пријавите во ВАЕРС погрешно и манипулативно се претставени како да се смртни случаи исклучиво поради вакцината.

Понатаму, во постот што го рецензираме не е наведено колку вакцини кај деца биле администрирани за да се извлече процент на смртност. Дури и тогаш, без дополнителни проверки на медицинската документација на секој поединечен случај, не би можело да се носи заклучок дека смртта е последица на вакцината, односно предизвикана од истата. Извештаите на ВАЕРС, спротивно на наведеното во постот и во текстот што ги рецензираме, не укажуваат на зголемени ризици од вакцината кај децата, од причина што ВАЕРС не е направен за таа намена.

Со други зборови, дури и ако има смртен случај по примањето на вакцината против ковид-19, тоа не значи автоматски дека вакцината е причинителот за предизвиуквање на смртта. ВАЕРС тоа го има концизно наведено во упатството за тоа како треба, а како не треба да се интерпретираат нивните податоци.

Кога ги евалуирате податоците од ВАЕРС, важно е да знаете дека за пријавените случаи не е утврдена причинско-последична врска. Пријавите од сите можни асоцијации меѓу вакцината и несаканиот ефект (можни несакани ефекти), се пополнуваат во ВАЕРС. ВАЕРС ги собира податоците за какви било несакани ефекти по вакцинацијата, без разлика дали се случајни или предизвикани од вакцината. Пријава за несакан ефект на ВАЕРС не е валидени документ дека вакцината го предизвикала тој настан, пишува ВАЕРС.

Понатаму во текстот од постот што го рецензираме, се споменува Стив Кирш, за кого Вистиномер и претходно пишуваше.

Тој за вакцината на „Фајзер“ има изјавено, дека студија во времетраење од 6 месеци покажала оти вакцината на „Фајзер“ убила петмина на секоја превенирана смрт. Но, кога ќе се направи проверка на таа студија, ќе се види дека не само што таа не е прегледана од медицинската заедница, туку во неа не се вели ништо за убиства (а Кирш тврди дека петмина се убиени на еден спасен вакциниран) и се дава заклучокот дека:
По 6 месеци следење на вакцинираните, и покрај трендот на намалување на ефикасноста на вакцината на „Фајзер“, таа сепак има поволен безбедносен профил (види дел за заклучоци во студијата) и е високоефикасна во превенција на ковид-19.

Во постот што го рецензираме се вели дека Кирш кажал дека анализа на ЦДЦ покажала дека 14 деца на возраст меѓу 12 и 17 години починале по вакцинацијата. Во самиот текст тој тврди дека овие 14 смртни случаи може да биле и случајни, што значи дека не може со сигурност да се тврди дека се поврзани со вакцината.

Овие деца умреа, а ЦДЦ дури и не направи анализа за да се утврди можноста дека нивната смрт била случајна. Затоа што ако ја направеа пресметката, тоа ќе беше признание дека смртта не настапила коинцидентно.

Наспроти тоа тврдење, вакцината на „Фајзер“ за деца од 5 до 11 години беше одобрена во октомври 2021 година и тогаш Агенцијата за храна и лекови на САД издаде соопштение во кое наведува дека вакциналната безбедност била испитувана на 3.100 деца на возраст од 5 до 11 години кои ја примиле вакцината без никакви сериозни несакани ефекти.

Во текстот што е споделен како дел од оваа рецензија се вели дека Камрин Томас и Ернесто Рамирез Џуниор, момчиња на возраст од 16 години, починале од вакцината против ковид-19. За Рамирез Џуниор познато е дека починал од проширено срце пет дена по вакцинацијата, поради можен миокардитис. Тоа е редок несакан ефект од вакцината против ковид-19. Официјално, причините за смртта не се потврдени, туку станува збор за претпоставка и обвинувања од татко му, дека Рамирез добил миокардитис и починал.

Има податок дека заклучно со 31 мај 2021 година дена на територијата на Европската економска зона забележани се 145 случаи на миокардитис кај лица кои ја примиле вакцината Комирнати како и 19 случаи кај лица кои ја примиле вакцината на Модерна. Се проценува дека заклучно со 31 мај 2021 година на територијата на Европската Економска Зона се примени 177 милиони дози од вакцината на Фајзер и 20 милиони дози од вакцината на Модерна. Фактот што од толку милиони примени вакцини се јавуваат 145 случаи на миокардитис, го прави овој несакан ефект редок.

page2image867585952

 

Како што наведува МАЛМЕД, точно е дека миокардитисот е несакан ефект од Фајзер вакцината, но многу ретко се случуваат смртни исходи и поголемиот дел од случаите закрепнуваат. Како што велат оттаму, придобивките од примената вакцина ги надминуваат сите ризици.

 

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека нема докази дека Центарот за контрола и превенција на болести на САД и ВАЕРС, потврдиле дека за децата по вакцинацијата против ковид-19 има голем ризик од нуспојави и смртен исход.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција