Постковид симптомите се реални и не се последица на вакцините и „запрашувањето“ со авиони

Фото: pixabay.com

Постот ја манипулира јавноста со половични информации презентирани на неточен начин. Има голем број на луѓе кои пријавуваат разни болести и симптоми кои претходно ги немале, но тие немаат никаква врска со вакцините против ковид, ниту пак, со авионите и „кемтрејлс“ теориите на заговор, туку се последица на самиот коронавирус. Овие здрваствени состојби се документирани со бројни случаи ширум светот, но и кај нас, и се поткрепени со прецизно дефинирани симптоми кои се манифестираат кај лицата кои ја прележале болеста. Според Светската здравствена организација, доказите сугерираат дека приближно 10 отсто – 20 отсто од луѓето доживуваат различни среднорочни и долгорочни ефекти откако ќе закрепнат од почентата инфекција со вирусот

Постот ја манипулира јавноста со половични информации презентирани на неточен начин. Има голем број на луѓе кои пријавуваат разни болести и симптоми кои претходно ги немале, но тие немаат никаква врска со вакцините против ковид, ниту, пак, со авионите и „кемтрејлс“ теориите на заговор, туку се последица на самиот коронавирус. Овие здрваствени состојби се документирани со бројни случаи ширум светот, но и кај нас, и се поткрепени со прецизно дефинирани симптоми кои се манифестираат кај лицата кои ја прележале болеста. Според Светската здравствена организација, доказите сугерираат дека приближно 10-20 отсто од луѓето доживуваат различни среднорочни и долгорочни ефекти откако ќе закрепнат од почентата инфекција со вирусот

 

 

На објава на социјалната мрежа Фејсбук наведени се неколку болести за кои докторите велат дека се јавуваат како резултатат на прележување на инфекција со коронавирусот, и притоа се тврди дека тие не се предизвикани од вирусот туку од вакцините или од труење на граѓаните преку прскање со авиони. Ова е неточно.

Хронични главоболки, епилептични напади, мозочни удари, кардиолошки проблеми, замор, нелагодност во срцето, тромбози, магла во меморијата…(кај 30 годишни лица) !!!

„Стручњаците и „експертите““ викаат дека ова се пост-Ковид симптоми !!!

А може ли да се пост-пелц или пост-труење симптоми ???

P.S. Погледнете го небото (илјадници тони отрови секој ден) и ќе видите зошто ве боли глава, зошто имате кардиолошки проблеми, замор, нелагодност во срцето, тромбози, магла во меморијата…!!!

 

Ковид-19 не е измама и навистина постои, а постојат и последиците од заболувањето коишто ги доживуваат голем број пациенти секој ден. Ковид е болест која е предизвикана од коронавирусот, кој, пак, е изолиран во лабораторија, со што се докажува неговото постоење. Вирусот беше идентификуван од кинеските власти на 7 јануари 2020 година, по што неговиот генетски материјал РНК, беше изолиран.

Секој има различно искуство при закрепнување од инфекција со коронавирус. Некои луѓе може да закрепнат за неколку денови, некои за неколку недели. Но, за други, тоа може да биде месеци. Некои луѓе кои биле заразени со вирусот што предизвикува ковид-19 може да доживеат долгорочни ефекти од нивната инфекција, познати како постковид состојби или долг ковид.

Постковид симптоми, односно последици од прележување на вирусот постојат, тие се многубројни и голем број на граѓани ги искусија на сопствена кожа, па ваквото тврдење дека станува збор за нешто друго е невистинито. Овие симптоми се документирани со бројни случаи ширум светот, но и кај нас и поткрепени со прецизно дефинирани симптоми кои се манифестираат кај лицата кои ја прележале болеста.

Како што наведува Центарот за контрола и превенција на болести на САД, симптоми коишто се јавуваат по прележување на ковид-19 се замор кој го попречува вообичаеното дневно функционирање, треска, потешкотии со дишењето, кашлица, болки во градите, брзо чукање на срцето, главоболки, проблеми со спиењето, потешкотии со концентрацијата односно „магла во мозокот“, вртоглавици, депресија и анксиозност, дијареа, стомачни болки и промени во менструалниот циклус.

Според Светската здравствена организација, доказите сугерираат дека приближно 10-20 отсто од луѓето доживуваат различни среднорочни и долгорочни ефекти откако ќе закрепнат од почентата инфекција со вирусот.

Состојбата постковид-19 се дефинира како болест што се јавува кај луѓе кои имаат историја на веројатна или потврдена инфекција со SARS-CoV-2, обично во рок од три месеци од почетокот на ковид-19, со симптоми и ефекти кои траат најмалку два месеца и не може да се објаснат со алтернативна дијагноза.

Лицата кои страдаат од овие симптоми се реално болни и оваа состојба им се случува од еден до шест месеци по прележувањето на вирусот. Овие симптоми кај пациентите не постоеле пред да прележат ковид-19 и немаат никаква врска ниту со вакцините со коишто се имунизираше населението против вирусот, а уште помалку има со авионите што летаат на небото.

Дека вакцините се извор на сите последици и болести коишто ги предизвикува коронавирусот е надвор од секоја логика. Нема ниту еден податок од ниту едно релевантно истражување што може да ги потврди овие антиваксерски тврдења.

Со досегашните пронајдени вакцини против многу болести, спречени се голем број на епидемии и искоренети се опасни заразни болести, со што се спасени и се спасуваат многу животи. Здравствените експерти, пак, постојано упатуваат на придобивките и безбедноста на  вакцините, наспроти огромните ризици од коронавирусот.

Доколку нечија скриена агенда беше да се намали светската популација, тогаш воопшто немаше да се произведуваат вакцини, туку коронавирусот ќе беше оставен слободно да циркулира и да одзема животи. Реалноста е дека ковид-19 одзема животи, а вакцините ги спасуваат животите.

 

Кемтрејлс инсинуации

Со теоријата на заговор за „кемтрејлс“ користена во постот, се инсинуира дека авионите нè трујат со хемиски супстанци односно отрови кои предизвикуваат симптоми карактеристични на ковид-19. Ова, се разбира е неточно. Иако се направени истражувања од научната заедница, не е дојдено до ниту еден доказ дека наводните хемиски патеки се нешто различно од нормалните, вообичаени траги од кондензација кои ги оставаат авионите кои летаат на голема височина под одредени атмосферски услови.

Не постои никакво труење  и распрскување отрови од авиони, ниту пак, тие нè заразуваат со коронавирусот. Сосема е неверојатно намерно да се шири вирусот преку фрлање опасни раствори и тоа од огромна височина 5 или 10 илјади метри!

И во постот што го рецензираме, и во сите постови кои ја шират оваа дезинформација, не се даваат никакви аргументи и докази за наводното прскање со авиони, освен тоа што самите авиони прелетуваат на небото и зад себе оставаат трага од кондензација која е погрешно интерпретирана како да е некаква отровна линија.

Целата објава ја манипулира јавноста со половични информации презентирани на неточен начин. Има голем број на луѓе кои пријавуваат разни болести и симптоми кои претходно ги немале, но тие немаат никаква врска со вакцините, ниту пак, со авионите, туку се последица на самиот вирус. Овие сензационалистички објави на социјалните мрежи треба да се читаат со голема резерва и информациите споделени во нив да се проверат од неколку извори, а не веднаш да се верува во напишаното и дополнително да се споделува и шири.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција