5Г антените не се камуфлираат затоа што се штетни, туку заради естетика и подобар сигнал 

Фото: pixabay.com

Камуфлирањето на телекомуникациските антени не е ништо ново и бомбастично како што тоа се претставува во постот. Вакви кактус кули има во САД, како и на други места во светот, но во постот не е објаснето зошто тие се градат, туку неосновано се алудира дека 5Г технологијата е штетна и затоа телекомуникациските кули се маскираат.  Камуфлирањето на овие антени се прави пред сè поради естетски изглед и за подобра радиофреквентност, за да не се трпат штети од временските прилики кои би можеле да предизвикаат прекини во емитувањето на радиобрановите

 

Камуфлирањето на телекомуникациските антени не е ништо ново и бомбастично како што тоа се претставува во постот. Вакви кактус кули има во САД, како и на други места во светот, но во постот не е објаснето зошто тие се градат, туку неосновано се алудира дека 5Г технологијата е штетна и затоа телекомуникациските кули се маскираат.  Камуфлирањето на овие антени се прави пред сè поради естетски изглед и за подобра радиофреквентност, за да не се трпат штети од временските прилики кои би можеле да предизвикаат прекини во емитувањето на радиобрановите

 

 

Пост на Фејсбук тврди дека во САД се маскираат 5Г антени во кактуси и прашува:

Ако не се штетни, зошто ги маскираат.

Никнувањето на вакви кактуси не е ништо ново ниту во САД, ниту во светот и е далеку од прикривање на нешто поради штетност.

Имено, давателите на телекомуникациски услуги на глобално ниво смислуваат сè покреативни и невообичаени начини за камуфлирање на антените или мобилните кули. За разлика од обичните кули кои може да се загреат поради слабиот сигнал, камуфлираната кула нема таков проблем. Освен тоа, може да го реши проблемот со падот на повиците.

Во Индија, на пример, во 2016 година, Reliance Jio Infocomm, исто така, инсталира вакви кули во земјата, објавува порталот „Телеком економик тајмс“:

Reliance Jio Infocomm неодамна ја инсталираше првата камуфлирана мобилна кула 4G во земјата во Џамшедпур. 35-метарската кула, прва од ваков вид во земјата во форма на палма, беше поставена во близина на Центарот за извонредност во државата, објави Телеком економик тајмс“ во март  2016 г.

На сајтот можат да се погледнат фотографии и од други камуфлирани телекомуникациски кули.

Како што посочува Дејв Ворхис, софтверски претприемач, инженер и едукатор камуфлажата на телекомуникациските антени не е случај само со 5Г кулите. Тоа е пракса уште од 1980 -тите години. Кулите за мобилни телефони и други антени се маскирани како дрвја, јарболи од знамиња, мртви стебла, кактуси, палми, лажни облоги од тули.

Тоа е обид да се направат поубави за гледање, особено на локации со природна убавина, туристички места и евентуално области каде што прописите забрануваат грозни зданија. Антените и радио примопредавателите што се користат во мобилните/клеточните системи имаат ограничен опсег, така што антените мора да бидат поставени на значителна височина и во редовни интервали. Во спротивно, ќе има празнини во услугата. Тоа значи дека кулите понекогаш треба да се постават таму каде што стандардната кула би изгледала грозно. Тие се маскирани за да ги направат помалку грди, посочува Ворхис.

Според него, 5Г работи на повисоки фреквенции од 4Г што овозможува 5Г да постигне многу поголема брзина на поврзување, но по цена на намален опсег, што, пак, значи дека се потребни повеќе антени.

Тоа ја зголемува веројатноста дека кулите треба да се подигнат на локации каде што нескриените кули би биле неприфатливо грди, заклучува Ворхис.

Како што пишува „Вокс“, има историја на несмасните обиди да се сокрие инфраструктурата што оди многу поназад од кулите за мобилни телефони. Во 1950-тите и 60-тите, на пример, канадските телекомуникациски претпријатија изградија стотици целосно лажни куќи низ Торонто за да ги сокријат трафостаниците.

Во 1980-тите, набргу откако компаниите за мобилни телефони почнаа да градат антени во Соединетите држави, тие, исто така, се обидоа да ги сокријат, честопати како одговор на естетските поплаки од локалните жители.

Што се однесува до тоа дали 5Г технологијата е штетна, како што се тврди во написот што го анализираме, „Вистиномер“ досега има пишувано за дезинформациите поврзани со оваа теорија на заговор, која особено се засили со појавата на пандемијата на ковид-19 и вакцините против коронавирусот.

Од сето ова, можеме да заклучиме дека камуфлирањето на телекомуникациските антени не е ништо ново и бомбастично како што тоа се претставува во постот. Вакви кактус кули има во САД, како и на други места во светот, но во постот не е објаснето зошто тие се градат, туку неосновано се алудира дека 5Г технологијата е штетна и затоа телекомуникациските кули се маскираат.  Камуфлирањето на овие антени се прави пред сè поради естетски изглед и за подобра радио фреквентност, за да не се трпат штети од временските прилики кои би можеле да предизвикаат прекини во емитувањето на радиобрановите. Поради тоа нашата оценка е дека на постот му недостига контекст.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција