ЈП „Национална радиодифузија“ не потрошила 1.315.500 евра за новогодишни пакетчиња

Фото: Официјална ФБ страница на ЈП „Национална радиодифузија“

Откако информацијата се рашири со голем интензитет и реакциите почнаа да се зголемуваат, ЈП „Национална радиодифузија“ на својата веб-страница објави  демант во којшто појаснува дека е направена техничка грешка и дека таа е исправена. Оттаму велат дека реалната потрошена сума за пакетчиња  е 80.900 денари. Ниту еден медиум не се јавил во претпријатието да ја потврди или негира сомнителната информација за огромната сума пари

Откако информацијата се рашири со голем интензитет и реакциите почнаа да се зголемуваат, ЈП „Национална радиодифузија“ на својата веб-страница објави  демант во којшто појаснува дека е направена техничка грешка и дека таа е исправена. Оттаму велат дека реалната потрошена сума за пакетчиња  е 80.900 денари. Ниту еден медиум не се јавил во претпријатието да ја потврди или негира сомнителната информација за огромната сума пари

 

 

Непосредно по новогодишните празници, на 14 јануари 2022 година, на повеќе медиуми се појави вест во којашто се информира за тоа колку пари претпријатието ЈП „Национална радиодифузија“ потрошило за пакетчиња кои се делеле како подароци на најмалите. Во склоп на ова информирање (примери има тука, тука, тука, тука и тука) изнесена е неточна информација во врска со потрошената сума – 1.315.500 евра..

Оваа дезинформација потоа се прошири на социјалните мрежи во огромен број на постови, предизвикувајќи притоа, навреди, критики, обвинувања за крадење упатени на сметка на ЈП Национална радиодифузија.

Меѓутоа, цифрата наводно потрошена за новогодишните пакетчиња, а која во новинарските стории изнесува 1 милион 315 илјади и 500 евра, не е вистинита. Во сите написи како покритие за да се пласира оваа бројка се користи скрин шот од страницата за јавни набавки, каде што по грешка од страна на ЈП „Национална радиодифузија“ била внесена оваа сума која нема врска со реално потрошените пари. Ниту еден медиум не се јавил во претпријатието да ја потврди или негира сомнителната информација за огромната сума пари, којашто е неспоредлива  со средтствата наменети за пакетчиња на која било друга приватна фирма или државно претпријатие во земјава.

Откако информацијата се рашири со голем интензитет и реакциите почнаа да се зголемуваат, ЈП „Национална радиодифузија“ на својата веб-страница објави  демант во којшто појаснува дека е направена техничка грешка и дека таа е исправена. Оттаму велат реалната потрошена сума за пакетчиња  е 80.900 денари.

Одделението за јавни набавки во ЈП Национална радиодифузија Скопје, при објава на кварталната евиденција за набавки под праговите и посебни услуги за период од 1 октомври 2021 година до 31 декември 2021 година, во ставката новогодишни пакетчиња има направено ненамерна грешка во вредноста на склучениот договор со ДДВ. За таа цел е направена корекција во кварталната евиденција за набавки под праговите и посебни услуги за период од 1.10.2021 до 31.12.2021 година, во која е внесена вредноста на реално потрошените средства во износ од 80.900 денари, се вели во демантот од ЈП „Национална радиодифузија“.

Така што, информацијата  дека за новогодишни пакетчиња од страна на оваа институција биле потрошени 1 милион 315 илјади и 500 евра, ја оценуваме како невистинита. Пренесувањето на печатна грешка без проверка, исто така, е дезинформирање, особено кога станува збор за износ којшто е нелогичен.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција