Не е точно дека вакцините против Ковид-19 го оштетуваат имунолошкиот систем

Фото: мета.мк

Не е точно дека владата на Обединетото Кралство признала дека вакцините против Ковид-19 го оштетуваат човечкиот имунолошки систем, како што се тврди во рецензираната видео-oбјава. Последните изјави на портпаролите на британската влада се извадени од контекст, ова го потврди и докторот Марио Јованоски, според кого оваа теза не држи вода, пишува Порталб.мк

Не е точно дека владата на Обединетото Кралство признала дека вакцините против Ковид-19 го оштетуваат човечкиот имунолошки систем, како што се тврди во рецензираната видео-oбјава. Последните изјави на портпаролите на британската влада се извадени од контекст, ова го потврди и докторот Марио Јованоски, според кого оваа теза не држи вода, пишува Порталб.мк

 

Во едно видео објавено од Хера Дура на Фејсбук се тврди дека вакцините против Ковид-19 го оштетуваат имунолошкиот систем на луѓето, и според неа, ова тврдење е поткрепено со документ од британската влада.

„Владата на ОК признава дека вакцините го оштетуваат природниот имунолошки систем на телото, во 42-та недела од Извештајот за надзор на вакцините против Ковид-19, Агенцијата за здравствена заштита на Обединетото Кралство на 23 страница  потврди дека нивоата на антитела се пониски кај луѓето заразени со вирусот по примени две дози од вакцината“, се вели во оваа видео.

Според докторот Марио Јованоски, ова е невистинито, при што тој истакна дека вакцините нема да го оштетат човечкиот имунолошки систем и дека оваа изјава е намерно извадена од контекст.

„Апсолутно не е точно дека вакцините против Ковид-19 го влошуваат човечкиот имунолошки систем. Владата на Обединетото Кралство деновиве излезе со соопштение, кое во некои медиуми намерно беше извадено од контекст“, рече доктор Јованоски.

Освен тоа во ова видео се вели дека намалувањето на антителата кај невакцинираните лица е трајно и ова е поткрепено со анализите направени од неколку експерти, но чии имиња не се спомнуваат и без да се дадат линкови до документите врз кои е заснована оваа „вест“.

Тој понатаму објаснува дека ова намалување на антителата е суштинско и трајно, и експертите наведуваат дека штом едно лице ќе се вакцинира со две дози, тој повеќе нема да може да стекне целосен природен имунитет против варијантите на Ковид-19 или кој било друг вирус. Во извештајот, исто така, се вели дека целосно вакцинираните возрасни лица сега се заразуваат многу повеќе споредено со невакцинираните, се вели во ова видео.

Доктор Јованоски објасни дека не постои никаква студија која ја подржува теоријата изнесена во ова видео, додаде дека е точно дека со текот на времето процентот на ефективност на вакцините е намален, но дека вакцините сепак помагаат многу.

„Не постои таква студија која ја подржува гореспоменатата теорија. Здравствените власти го потврдуваат намалувањето на процентот на ефикасност на вакцините со текот на времето (тој процент за кој првично се мислеше дека е 90%, особено за вакцините Фајзер и АстраЗенека), особено против новата варијанта Омикрон. Но, многу помали се шансите вакцинираните лица да се заразат, да го пренесат вирусот и да развијат тешка клиничка слика и хоспитализација, што е една голема придобивка од вакцините“, вели д-р Марио Јованоски.

Доктор Јованоски додаде дека се уште нема стопроцентна заштита од заразување со, но дека постојано се проучуваат нови начини за борба против корона вирусот.

„Последната информација која доаѓа од Светската здравствена организација (СЗО) е дека бустер вакцините можеби и не се најдобриот начин да се заштитите од новите варијанти, туку дека подобро решение за проблемот би било пронаоѓањето на вакцини кои ќе имаат поголема моќ против новите варијанти. Луѓето треба да знаат дека не постои 100% заштита од инфекција со вирусот, без разлика на статусот на вакцинација. Она на што треба да се концентрираме е реализацијата на што помасовна вакцинација и почитувањето на мерките одредени од Светската здравствена организација“, изјави доктор Марио Јованоски.

Не се точни наводите и околу мерките на британската влада

Во ова видео, меѓу другото се тврди дека Обединетото Кралство ги укина сите мерки за лицата кои сакаат да патуваат во оваа земја, што не е точно.

Во меѓувреме, премиерот на Обединетото Кралство, Борис Џонсон, за време на посетата на центарот за вакцинација во Северен Хемтон изјави дека и покрај фактот што европските земји ги прават вакцините задолжителни, Обединетото Кралство ќе го задржи својот доброволен пристап. Според новите пандемични мерки во Британија се укинува задолжителниот карантин за граѓаните што влегуваат во оваа земја, а исто така и PCR тестот пред патувањето не е веќе потребен“, се вели во оваавидео.

Според Си-Ен-Ен, во Обединетото Кралство можат да патуваат само вакцинирани лица и оние помлади од 18 години, додека пак, за да патуваат во оваа земја невакцинираните лица мора да ги направат потребните тестови за коронавирус. ОК состави и список на земји од „црвената“ и „зелената“ зона и мерките за патување варираат во зависност епидемиолошката ситуација на земјата од која патувате.

 

 


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за брзо справување со вакциналните дезинформации, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Тој е првично објавен во Вистиномер, а e овозможен со поддршка на Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, БТД или нивните партнери.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција