Не е вистина дека починал Мино Раиола

Фото: Принтскрин видео Јутјуб

Познатиот фудбалски агент самиот ја демантираше дезинформацијата дека наводно починал. На својата официјална Твитер страница Раиола напиша: „За тие што се прашуваат за мојот моментален здравствен статус, јас сум многу лут зашто по вторпат во четири месеци ме убиваат. И изгледа дека сум способен да се вратам во живот“

Познатиот фудбалски агент самиот ја демантираше дезинформацијата дека наводно починал. На својата официјална Твитер страница Раиола напиша: За тие што се прашуваат за мојот моментален здравствен статус, јас сум многу лут зашто по вторпат во четири месеци ме убиваат. И изгледа дека сум способен да се вратам во живот“

 

[Важна напомена/дополнување: Ова рецензија се однесува на напис објавен на 28 април 2022, кога неточно беше пренесено дека Мино Раиола е починат, што, пак, беше демантирано и од него и редица медиуми, како што пренесува и оваа рецензија. Во меѓувреме, пак, два-три дена подоцна, на 30-31 април, Раиола навистина почина, што се потврдува и на неговиот Твитер профил, а за што известија и угледни меѓународни спортски медиуми во изминатите 20-ина часови, истакнувајќи дека првичната вест неточно ги извести истото пред 2-3 дена, но дека овојпат веста е вистинита. Значи, она што треба да се има предвид тоа е дека оваа рецензија се однесува на Фејсбук пост и напис, кои неточно пренесоа дека Раиола веќе бил починат уште на 28 април]

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во којшто е споделен медиумски напис, кој известува дека фудбалскиот агент Мино Раиола, наводно починал на 54 годишна возраст.

Шок во фудбалскиот свет, почина Мино Раиола!, гласи насловот на текстот, под кој е споделена фотографија од Раиола.

Во написот се тврди дека:

Трагични вести доаѓаат од Италија, од каде информираат дека фудбалскиот агент Мино Раиола починал после кратко боледување.

Но, не е наведен конкретниот извор од Италија кој информира за наводната смрт на агентот. Не се наведува ниту причината за смртта, ама се тврди дека во изминатиот период се пишувало дека Раиола е болен, а бил примен и во болница поради проблеми со здравјето кои, исто така, не се специфицираат.

Раиола неодамна беше примен во болница поради проблеми со здравјето, подоцна имаше информации дека состојбата е подобрена, но очигледно сега наеднаш се влошило. Повеќе информации во медиумите се уште нема, пишува во написот.

Истата дезинформација дека Раиола наводно починал, беше споделена во бројни македонски медиуми.

Првиот кој ја демантираше дезинформацијата дека Раиола наводно починал, беше самиот тој на својата официјална Твитер страница.

Како што може да се види Раиола напиша:

За тие што се прашуваат за мојот моментален здравствен статус, јас сум многу лут зашто по вторпат во четири месеци ме убиваат. И изгледа дека сум способен да се вратам во живот.

После тоа, бројни корисници на Твитер почнаа да ги повлекуваат своите твитови во кои ја објавија дезинформацијата за наводната смрт на Раиола.
Го избришав твитот за Раиола. Не беше шпекулација или истрчување од моја страна прв да објавам. Не би го направил тоа за ваква тема. Веста беше споделена прво од најдобро пласираната италијанска телевизиска станица TgLa7, а потврдена од повеќе италиајнски медиуми. Но и јас погрешно твитнав и затоа сум преплашен и се извинувам, пишува во еден од твитовите.

Мино Раиола е еден од топ фудбалските агенти одговорен за најдобрите зделки во фудбалот. Менаџирал 73 фудбалери меѓу кои Златан Ибрахимовиќ, Паул Погба, Ерлинг Хааланд, Ромелу Лукаку.

И докторот кој го третирал Раиола, исто така изјавил дека е лут на псевдо новинарите, како што ги нарекол, за шпекулациите поради кои добил бројни телефонски повици.

Даниела Матар, спортска новинарка за „Асошиејтед Прес“ во Милано, исто така, истакнала дека агенцијата на Мино Раиола ѝ изјавила дека станува збор за лажна вест и шпекулации и дека Раиола е жив.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека не е вистина дека Раиола починал.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција