Не е точно дека со авиони не трујат од воздух

Фото: Принтскрин видео

Во овој пост уште еднаш е афирмирана теоријата на заговор за „кемтрејлс“ (Chemtrails), според која влади и други неименувани фактори од разни држава се ангажирани во тајна програма за распрскување отровни хемикалии во атмосферата со помош на авиони. Според истражувачите од Универзитетот Харвард од САД, кои проучувале вакви заговорнички теории, не е најден „ниту еден веродостоен доказ дека кемтрејлс постои“. Исто така, и „Форбс“ објави студија, според која панел од 76 хемичари и научници од Универзитетот Ирвин, Калифорнија, изјавиле дека никогаш не дошле до докази оти постојат големи програми за хемиско прскање од авиони, со цел да се наштети на здравјето на граѓаните и со цел да се влијае на атмосферата.

Во овој пост уште еднаш е афирмирана теоријата на заговор за „кемтрејлс“ (Chemtrails), според која влади и други неименувани фактори од разни држава се ангажирани во тајна програма за распрскување отровни хемикалии во атмосферата со помош на авиони. Според истражувачите од Универзитетот Харвард од САД, кои проучувале вакви заговорнички теории, не е најден „ниту еден веродостоен доказ дека кемтрејлс постои“. Исто така, и „Форбс“ објави студија, според која панел од 76 хемичари и научници од Универзитетот Ирвин, Калифорнија, изјавиле дека никогаш не дошле до докази оти постојат големи програми за хемиско прскање од авиони, со цел да се наштети на здравјето на граѓаните и со цел да се влијае на атмосферата

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во кој е споделено шестминутно видео на кое се гледа прелетување на авиони на чисто небо. Оваа вообичаената глетка од авионскиот сообраќај во видеото е искористена да се тврди дека се случува нешто невообичаено.

Труење од воздух 8-ми ден по ред, 24/7 !!! Клипчево го направив во период од 11:00 до 11:30 денеска додека го земав малиот од школо. Го збив во 5-6 минути. За тие половина час прелетаа преку 50 тина „туристички“ авиони кои „превезоа“ некаде околу „10.000 патници“. Значи за 10 часа над Македонија прелетуваат 100.000 патници. Проверете ги официјалните бројки колку авиони и патници официјално прелетуваат над Македонија годишно, ова е повеќе и од годишниот просек. ЗА ПОЛОВИНА ЧАС ПРЕКУ 50 „ПАТНИЧКИ АВИОНИ“ СО ХУ !!! Не замерувајте на бројките дали осми девети или шести, се погубив не можев да ги дофатам сите…битно ова е снимено за половина час !!! Луѓееее… СИТЕ го дишиме срањево со кое не прскаат !!! Турете прст на чело, се вели во постот што го рецензираме.

Во овој пост уште еднаш е афирмирана шпекулацијата за „кемтрејлс“ (Chemtrails), според која влади и разни други неименувани фактори од разни држава се ангажирани во тајна програма за распрскување отровни хемикалии во атмосферата со помош на авиони. Според заговорниците, долготрајните траги на небото што остануваат по прелетувањето на некои авиони се исполнети од хемикалии, што кога ќе паднат на земјата, ќе предизвикаат здравствени последици по сите граѓани. Главниот аргумент, што поборниците на оваа теорија на заговор се обидуваат да го претстават како доказ, се трагите што зад себе ги оставаат авионите, иако станува збор за најобична физичка појава на кондензација, а не заговор против човештвото и тајна програма за распрскување отрови.

Слични теории на заговор, дека отрови паѓаат од небото откако претходно ќе бидат распрскани од авиони, имаат дебанкирано чешкиот сервис за проверка на факти, Manipulatori.cz., српскиот сервис IIstinomer.rs , како и во некоклку рецензии на „Вистиномер“.

Според истражувачите од Универзитетот Харвард од САД, кои проучувале вакви заговорнички теории, не е најден „ниту еден веродостоен доказ дека кемтрејлс постои“.

Исто така, во врска со оваа тема „Форбс“ објави студија, според која панел од 76 хемичари и научници од Универзитетот Ирвин, Калифорнија, изјавиле дека никогаш не дошле до докази оти постојат големи програми за хемиско прскање од авиони, со цел да се наштети на здравјето на граѓаните и со цел да се влијае на атмосферата. 

Оваа теорија на заговор е актуелна од појавата на интернетот. Уште може да пронајдете бројни интернет страници, кои го промовираат овој вид на псевдонаука. Нашето истражување покажа дека научната заедница не се согласува со тврдењата оти владата, армијата, авиокомпаниите и други субјекти се здружиле во широка мисија да ја отрујат планетата со прскање преку авиони, вели Стивен Дејвис, професор и научник од универзитетот Ирвин во Калифорнија.

Според ова истражување, причината поради која трагите од авионите остануваат видливи е зашто тие летаат на поголеми височини отколку порано, што резултира со кондензациски траги, кои траат подолго време. Тоа што трагите од авионите се вкрстуваат е само и единствено доказ дека има зголемена фреквентност на авиосообраќајот, односно дека има многу повеќе авиони, кои учествуваат во авиосообраќајот, што е и примарната причина некои од нив да мораат да летаат и на поголеми височини.

Во екот на ковид пандемијата, оваа теорија на заговор со наводно прскање отрови од небото преку авиони, беше злоупотребувана и за да се дезинформираат граѓаните дека ковид не е вирус, туку дека е последица на тие отрови. Оваа теорија на заговор е активна и во и таму се тврди дека одделот за одбрана и одделот за енергија ја прскаат цела Америка со токсични материи и биолошки агенти. Американските агенција за заштита на животната средина и армијата негираат дека постои прскање на биолошки агенти во атмосферата. И во постот што го рецензираме, и во постовите кои ја шират оваа дезинформација, не се даваат никакви аргументи и докази за наводното прскање со авиони, освен тоа што самите авиони прелетуваат на небото и зад себе оставаат трага од кондензација која е погрешно интерпретирана како да е некаква отровна линија.

Во постот што го рецензираме се тврди дека за половина час прелетале педесетина авиони за кои се спори дека се туристички (ставени се во знак на наводници). Сепак, од видеото не може да се заклучи дека имало 50 авиони, толку на снимката не се регистрирани. Не може ни да се тврди со сигурност дека сите тие авиони полетале од македонски аеродроми, туку може да станува збор за меѓународни летови кои што се одвиваат во определен период и на воздушната територија на Република Северна Македонија. Во тоа нема ниту нешто невообичаено, ниту спорно, ниту пак, постоењето на туристички сообраќај на небото е доказ за прскање на отрови. Тврдењето во постот што го рецензираме, дека овие авиони прскаат отрови, е паушално.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека не е точно дека со авиони не трујат од воздух, 24 часа седум дена во неделата. Станува збор за постара теорија на заговор која што е демантирана.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција