Во објава на Фејсбук невистинито се тврди дека Земјата е рамна

Фото: Image by Arek Socha from Pixabay

Кога Земјата би била рамна, затемнување на Месечината би имале само на полноќ, секаде би ги имало истите годишни времиња, од секоја локација би се гледале истите ѕвезди и секое место на Земјата би имало изгрејсонце и зајдисонце во исто време. Освен НАСА, и Русија има слики од тркалезната Земја, а такви фотографии кои ја побиваат теоријата дека Земјата е рамна има направено и јапонската вселенска агенција, а и Кина

Кога Земјата би била рамна, затемнување на Месечината би имале само на полноќ, секаде би ги имало истите годишни времиња, од секоја локација би се гледале истите ѕвезди и секое место на Земјата би имало изгрејсонце и зајдисонце во исто време. Освен НАСА, и Русија има слики од тркалезната Земја, а такви фотографии кои ја побиваат теоријата дека Земјата е рамна има направено и јапонската вселенска агенција, а и Кина

 

 

Објава на социјалната мрежа Фејсбук тврди дека планетата Земја и рамна и дека НАСА нè лаже сите. Ова е неточно тврдење и претставува манипулирање на јавноста.

Во постот се вели:

Водата не лаже. ЗЕМЈАТА Е рамна и водата се разлева по неа /водорамно/а не во круг.

Наса не лажат сите.

Од сите теории на заговор што го преплавуваат интернетот, теоријата дека планетата Земја е рамна веројатно е една од најраширените. Оваа теорија преставува научно отфрлена концепција дека формата на Земјата е рамнина или диск.

Оние кои веруваат во оваа теорија, тврдат Земјата е рамен диск и дека доказите дека е тркалезна – како на пример слики направени од вселената, се елаборирана измама во која се вклучени повеќе влади. Мислењата за тоа како точно функционира рамната Земја се различни, а се измислуваат и креативни интерпретации на физиката и на Сончевиот систем за да можат да прикажат дека нивните теории функционираат.

Постојат многу начини да се докаже дека Земјата не е рамна. Една брза опција е да ја проверите библиотеката со слики на НАСА, која е преполна со слики од Земјата направени од Меѓународната вселенска станица на кои се гледа обликот на Земјата.

Бидејќи во Фејсбук објавата се тврди дека НАСА нè лаже, тогаш дали нè лажат и сите други вселенски агенции?

Освен НАСА, и Русија има слики од тркалезната Земја, а такви фотографии кои ја побиваат теоријата дека Земјата е рамна има направено и јапонската вселенска агенција, а и Кина.

Ако ја напуштите површината на Земјата доволно високо, невозможно е да не ја видите вистинската форма на Земјата, бидејќи тоа е неизбежно. Но, не мора да патувате од вселената за да ви стане јасно дека Земјата не е рамна.

Постојат неколку начини да се провери формата на планетата со свои очи. Еден од наједноставните е да отидете на пристаниште и да гледате како бродовите заминуваат. Како што бродот исчезнува преку хоризонтот, прво ќе оди дното на бродот, а потоа постепено ќе следи јарболот.

Но, дури и ако не можете да погледнете во хоризонтот за докази, можете да погледнете нагоре.

Различни ѕвезди се видливи од различни делови на Земјата, бидејќи постои поделба помеѓу северната и јужната хемисфера. Можете да ја видите ѕвездата Поларис речиси директно над северниот географски пол на Земјата. Но, додека патувате на југ, приближувајќи се кон екваторот, Поларис тоне сè пониско и пониско кон хоризонтот. Откако ќе ја преминете таа граница, воопшто не можете да ја видите – таа е блокирана од кривата на Земјата во таа насока.

Слично на тоа, додека патувате на југ, се појавуваат нови соѕвездија – оние кои би биле целосно заматени од кривата на Земјата, доколку останете на север.

За време на затемнувањето на Месечината, Земјата минува помеѓу Сонцето и Месечината, дозволувајќи ѝ на Земјата да ја фрли својата сенка врз Месечината. Таа сенка секогаш е круг, без разлика каде се наоѓате на планетата и без разлика на времето на затемнувањето.

Доказ дека земјата не е рамна е и фактот што различни локации на Земјата имаат различни годишни времиња во ист период. Кога во САД е лето, во Австралија е зима. Или кога во Италија е зима, во Аргентина е лето. Тоа е затоа што сончевите зраци, кои се речиси совршено паралелни, удираат на Земјата под различни агли. Кога Земјата би била рамна, сончевите зраци секогаш би биле под ист агол, што значи дека САД, Австралија, Италија и Аргентина би ги имале истите годишни времиња во ист период. Идејата за рамна Земја не може да го објасни ова.

Освен тоа, зајдисонцето и изгрејсонцето се случуваат во различни периоди во зависност од вашата географска должина, што потврдува дека Земјата не е рамна. Кога би била рамна, тогаш некој во Њујорк и некој во Лос Анџелес би го виделе сонцето како изгрева и заоѓа во исто време. Но, во пракса, разликата е приближно три часа. Освен тоа, во секоја точка помеѓу, Сонцето изгрева/заоѓа во различно време, нешто што не би можело да се случи доколку Земјата беше рамна.

Но, Земјата не е рамна и постојат реални, научни докази кои го тврдат спротивното. Ова го прави тврдењето од Фејсбук објавата само уште една неоснована теорија на заговор која нема допирна точка со реалноста.

Кога Земјата би била рамна, затемнување на Месечината би имале само на полноќ, секаде би ги имало истите годишни времиња, од секоја локација би се гледале истите ѕвезди и секое место на Земјата би имало изгрејсонце и зајдисонце во исто време. Бидејќи овие работи не се случуваат, значи дека тврдењето дека Земјата е рамна не е вистинито.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција