Не е точно дека директорот на СЗО е уапсен за злодела против човештвото

Фото: скриншот

Не е вистина дека директорот на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејсус бил уапсен на 24 јули 2022 година. Станува збор за напис од сатиричен веб-сајт. Поради непознати причини, авторот на постот што го рецензираме не го споменува фактот дека сајтот каде што е пласиран текстот објавува сатирични содржини

Не е вистина дека директорот на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејсус бил уапсен на 24 јули 2022 година. Станува збор за напис од сатиричен веб-сајт. Поради непознати причини, авторот на постот што го рецензираме не го споменува фактот дека сајтот каде што е пласиран текстот објавува сатирични содржини

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели дека весникот „Ванкувер Тајмс објавил дека директорот на СЗО е уапсен поради злодела против човештвото.

Во постот е споделена фотографија од почетниот дел од написот без да се посочи линк. Во делот кој се гледа од текстот пишува дека Тедрос Адханом Гебрејесус, актуелниот директор на СЗО, бил уапсен од страна на Интерпол и е задржан во затвор за злосторства против човештвото и геноцид.

Меѓутоа, ова не е вистина. Станува збор за напис од сатиричен веб-сајт. Поради непознати причини, авторот на постот што го рецензираме не го споменува фактот дека сајтот каде што е пласиран текстот објавува сатирични содржини

„Ванкувер Тајмс“ себеси се опишува како „најверодостојниот извор за сатира на Западниот Брег“ во делот од веб страницата „за нас“. Оттаму додаваат дека пишуваат сатирични написи за проблеми кои ги засегаат конзервативците.

Со пребарување на Гугл не може да се најде информација за наводното апсење на Тедрос. Доколку навистина се случело такво нешто, несоменено дека ќе предивикало огромен медиумски интерес. Но, такво медиумско покривање нема.

Наспроти тоа, голем дел од медиумите информираат дека станува збор за сатира.

Од СЗО за „Ројтерс“ изјавиле дека информацијата е лажна и невистинита.

И проверувачите на факти „Сноупс“ посочуваат дека станува збор за дезинформација која потекнува од сатиричен сајт.

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека не е вистина дека директорот на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејсус бил уапсен на 24 јули 2022 година.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција