Виралното видео од мажот кој вежба на плажа не е снимено на охридскиот брег

Фото: Принтскрин видео

Видеоснимката оригинално е објавена на минтиот месец на Твитер и станува збор за видео снимано на плажата Бриони на реката Сава во Сремска Митровица во Србија. Освен низ Србија и Македонија, ова видео со многу прегледи, споделувања и реакции се најде и на социјалните мрежи во Романија, Унгарија и на неколку канали на руски јазик

Видеоснимката оригинално е објавена на минтиот месец на Твитер и станува збор за видео снимано на плажата Бриони на реката Сава во Сремска Митровица во Србија. Освен низ Србија и Македонија, ова видео со многу прегледи, споделувања и реакции се најде и на социјалните мрежи во Романија, Унгарија и на неколку канали на руски јазик

 

 

Во објава на Фејсбук е споделено вирално видео за кое се тврди  дека прикажува маж снимен како вежба на охридска плажа. Ова не е точно, видеото не е од Македонија.

Добро утро Охриде, почвиме од сабајле со малце фискултура покрај езеро ❤️, пишува во постот

На видеоснимката се гледа маж во костим за капење кој вежба на плажа и симулира потези од боречки вештини, при што ги смее бројните капачи на плажата. Ова видео предизвика лавина коментари и стана многу вирално. Но, манипулативно се тврди дека е снимано на плажа во Охрид. Видеото е објавено на Фејсбук страницата Охриѓани и во самата објава е наведено дека е снимано во Охрид покрај езеро.

Меѓутоа, ако го подзагледате добро видеото ќе видите дека човекот се наоѓа на плажа, но брегот што е од спротива е многу блиску, па така не e логично дека е снимено на некое езеро во Македонија, а уште помалку во Охрид. Ваков брег на Охридското Езеро нема ниту во Охрид, ниту во Струга.

Видеоснимката оригинално е објавена на минтиот месец на Твитер и станува збор за видео снимано на плажата Бриони на реката Сава во Сремска Митровица во Србија.

Оваа снимка беше актуелна и вирална и на српските медиуми и социјални мрежи, по што портал од Србија успеал и да го пронајде мажот од видеото. Станува збор за Расим Биберовиќ од Сремска Митровица и нема никаква врска со Охрид, како што неточно се тврди во објавата.

Освен низ Србија и Македонија, ова видео со многу прегледи, споделувања и реакции се најде и на социјалните мрежи во Романија, Унгарија и на неколку канали на руски јазик (тука и тука).

Она што може да се забележи од речиси сите 176 коментари на видеото досега, е дека корисниците на социјалните мрежи се измамени и поверувале дека станува збор за видео снимено на охридскиот брег. Ваквото тврдење дека видеото е од Охрид е напишано само за да предизвика внимание, а тоа добро го знаат креаторите на вакви сензационалистички објави, кои користат вакви „мамки“ на социјалните мрежи за да привлечат што е можно поголем број на кликови, споделувања и видливост, како на објавата така и на самата Фејсбук страница.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција