Никелодеон на латински не значи „не ми е гајле за Бог“

Никелодеон е кованица од зборовите „никел“ и „одеон“. Терминот потекнува од американскиот збор „nickel“, што значи 5 центи, и грчкиот збор odeon, што значи затворен театар. На старогрчки, зборот „одеон“ се користи за театар со покрив, што буквално значи „место за пеење“. Со текот на времето, зборот стана „одеон“ или „одеум“ и беше широко користен во антички Рим и Грција како термин за мали театри

Никелодеон е кованица од зборовите „никел“ и „одеон“. Терминот потекнува од американскиот збор „nickel“, што значи 5 центи, и грчкиот збор odeon, што значи затворен театар. На старогрчки, зборот „одеон“ се користи за театар со покрив, што буквално значи „место за пеење“. Со текот на времето, зборот стана „одеон“ или „одеум“ и беше широко користен во антички Рим и Грција како термин за мали театри

 

 

Пост на Фејсбук шири лажни вести во врска со американската детска телевизиска мрежа Никелодеон. Постот тврди дека Никелодеон (Nickelodeon) во превод на латински јазик значи „Не ми е гајле за Бог“. Притоа, ваквото тврдење го базира на Гугл транслејт.

Овој месец беше популаризирана теорија на ТикТок дека Никелодеон (Nickelodeon) има тајно значење скриено во неговото име. Ова значење се открива откако ќе го преведете „никелодеон“ на латински.

Претходно корисник на ТикТок сподели видео во кое изјави: „Никелодеон беше моето омилено шоу и каналот на Дизни, додека не го дознав ова“.

Во видеото, корисникот на ТикТок го разложува Nickelodeon на три сегменти – „nic kelo deo“ – по што го става на Гугл транслејт. Алатката за преведувач потоа, наводно, открива дека овие три збора „nic kelo deo“ се преведуваат на латински како „Не ми е гајле за Бог“.

„Део“ (deo) има латински превод на „Бог“, меѓутоа, „Деус“ (deus) е најчестиот превод на христијанскиот Бог на латински јазик. „Део“ (множина „деи“) е именка што опишува бог или божество. Тоа е и датив/аблатив еднина на „deus“.

„Nic“ се преведува како „ништо“ кога користите Гугл транслејт, иако кога гледате низ латински речник, не постои збор како „nic“. Тесно поврзани зборови се преведуваат како „ништо“ или „нешто без вредност“.

Кога „кело“ се појавува во реченицата „ник кело део“, тоа додава значење на целокупната реченица. Сепак, сам зборот нема превод на латински. Ова значи дека не можеме сосема да му веруваме на латинскиот превод што го нуди Гугл, кој станува вирален на социјалните мрежи.

Кое е вистинското значење на името Никелодеон?

Никелодеон е кованица од зборовите „никел“ и „одеон“. Терминот потекнува од американскиот збор „nickel“, што значи 5 центи, и грчкиот збор odeon, што значи затворен театар. На старогрчки, зборот „одеон“ се користи за театар со покрив, што буквално значи „место за пеење“. Со текот на времето, зборот стана „одеон“ или „одеум“ и беше широко користен во антички Рим и Грција како термин за мали театри. Тие беа околу една четвртина од големината на традиционалните грчки и римски театри.

Од сето ова можеме да заклучиме дека преводот на Никелодеон на латински нема никаква врска со Бог,  а постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција