Нивото на морската вода изминативе години расте поради климатските промени

NickyPixabay

Светскиот просек на морското ниво е зголемен за 21 до 24 сантиметри од 1880 година. Во 2023 година светското просечно морско ниво достигна рекордна височина – 101,4 милиметри (3,99 инчи) над нивото од 1993 година, што го прави највисок годишен просек од 1993 година досега. Глобалното ниво на водата во морињата се зголемува како резултат на глобалното затоплување предизвикано од човекот, при што неодамнешните стапки се без преседан во последните 2.500 години, пишува на страницата на НАСА

Светскиот просек на морското ниво е зголемен за 21 до 24 сантиметри од 1880 година. Во 2023 година светското просечно морско ниво достигна рекордна височина – 101,4 милиметри (3,99 инчи) над нивото од 1993 година, што го прави највисок годишен просек од 1993 година досега. Глобалното ниво на водата во морињата се зголемува како резултат на глобалното затоплување предизвикано од човекот, при што неодамнешните стапки се без преседан во последните 2.500 години, пишува на страницата на НАСА

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Климатски промени. На ниедна вода нивото не е променето. Глупост невидена.

Наспроти наведеното во објавата што ја рецензираме, светскиот просек на морското ниво е зголемен за 21 до 24 сантиметри од 1880. Во 2023 година светското просечно морско ниво достигна рекордна височина – 101,4 милиметри (3,99 инчи) над нивото од 1993 година, што го прави највисокиот годишен просек од 1993 година досега.

Водата и климатските промени се нераскинливо поврзани. Климатските промени влијаат на водата во светот на сложени начини. Од непредвидливи обрасци на врнежи до намалување на ледените плочи, зголемување на нивото на морето, поплави и суши.

Како што пишува на страницата на НАСА, глобалното ниво на водата во морињата се зголемува како резултат на глобалното затоплување предизвикано од човекот, при што неодамнешните стапки се без преседан во последните 2.500 години.

На вториот графикон на следниот линк може да се види колку многу има пораснато нивото на морињата од 1900 година до 2018 година.

Извор: climate.nasa.gov

Како што наведува американската агенција зa заштита на животната средина, после период од речиси две илјади години во кои немало промена, глобалниот просек на нивото на морските води пораснал во дваесеттиот век и таа стапка на раст е забрзана во последните години.

Кога ќе се земе просекот на светските океани, апсолутното ниво на морињата растело со просечна стапка од 0.6 инчи од 1880 до 2013 година. Од 1993 година, просечното ниво на морињата расте со стапка од 0.12 инчи годишно, што значи дека растот е двоен споредено со долгорочниот тренд.

Како што пишува на страницата на Светскиот економски форум, повеќе од 410 милиони луѓе би можеле да се во ризик од растечките нивоа на морињата до 2100 година, како резултат на климатската криза. Благодарение на климатската криза, светското ниво на морската вода се има зголемено за 10 сантиметри минатата деценија. Генералното Собрание на Обединетите нации одржува состанок на високо ниво за да се разгледаат овие постоечки закани.

Од почетокот на 20 век, средното светско ниво на морињата се покачува побрзо отколку во кој било претходен век и тоа за период од последните 3 илјади години, предупредува ‘Surging Seas in Warming World’ – нов извештај на Обединетите нации за следните и идните последици и импакти на нивото на морската вода, наведува СЕФ.

Нивото на морската вода се очекува да расте во иднина. Сето тоа е предизвикано од климатските промени.

Нивото на морето може да се зголеми со помош на два различни механизма поврзани со климатските промени. Прво, како што океаните се загреваат поради зголемената глобална температура, морската вода се шири – зазема повеќе простор во океанскиот слив и предизвикува зголемување на нивото на водата. Вториот механизам е топењето на мразот над копното, кое потоа додава вода во океанот.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција