Калиопи повторно злоупотребена во измамнички маркетинг

Станува збор за лажна реклама со единствената цел да привлече наивни корисници на социјалните мрежи и да ги извлече нивните пари, на сметка на туѓо богатење. Самата страница и „тизерот“ се измислени, односно не припаѓаат ниту на А1 он, ниту на друг медиум. Најстрашно е што во објавата се злоупотребува финансиската состојба на најранливите, при што се наведуваат ако немаат пари да инвестираат, да позајмат или да користитат кредитна картичка

Станува збор за лажна реклама со единствената цел да привлече наивни корисници на социјалните мрежи и да ги извлече нивните пари, на сметка на туѓо богатење. Самата страница и „тизерот“ се измислени, односно не припаѓаат ниту на А1 он, ниту на друг медиум. Не е првпат Калиопи да биде злоупотребена во измамничко рекламирање, неодамна таа се најде во лажна реклама за  наводен чудотворен лек за враќање на слухот

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува фотографија од наводен напис на сајтот А1 он (којшто никогаш не е објавен на сајтот, туку името на сајтот е злоупотребено заедно со логото) и пишува:

Уморен од финансиски проблеми? Калиопи ќе ти помогне да го решиш ова прашање.

Калиопи и нејзиниот проект им помогнаа на повеќе од илјада Македонци. Секој Македонец кој соработува со неа заработува 77 илјади денари неделно. Нов ден и нови можности. Напиши ѝ и таа ќе ти објасни како правилно да инвестираш и да заработиш од тоа.

Во склоп на објавата злоупотребена е и фотографија од пејачката Калиопи, за да се даде повисоко ниво на веродостојност на инаку неверодостојната „вест“.

Кога ќе се кликне на линкот, тој води до нова веб-страница на која е злоупотребено логото и името на сајтот „Курир“, а во текстот се споделува непостоечко и измислено интервју во кое се злоупотребени имињата и фотографиите на поранешниот премиер, Зоран Заев и новинарката Снежана Лупевска. Според содржината на неверодостојниот текст, на интервјуто на Заев „реагирала Народната банка“, кога тој наводно по грешка, односно ненамерно го открил „начинот и методот со кој заработил големи суми пари за кратко време“.

Станува збор за целосна измама. Вакво интервју никогаш не било емитувано, Народна банка нема никаква реакција на истото и единствената цел е да се измамат наивните корисници на социјалните мрежи да ги изгубат своите пари на сметка на туѓо богатење. Самата страница и „тизерот“ се измислени, односно не припаѓаат ниту на Курир, ниту на А1 он, ниту на друг медиум.

Во текстот се промовира таканаречена „платформа за инвестирање“ наречена Immediate Connect, а за која во текстот лажно се тврди дека во неа инвестирала и самата Лупевска и „профитот ѝ пораснал за 25 илјади денари во рок од 20 минути за време на интервјуто“. Во текстот се измислува и име и презиме на непостоечки уредник, за кој невистинито се тврди дека самиот го пробал методот за заработка и „заработил“. Најстрашно е што во објавата се злоупотребува финансиската состојба на најранливите, при што се наведуваат ако немаат пари да инвестираат, да позајмат или да користитат кредитна картичка. Потоа на корисниците на социјалните мрежи им се објаснуваат следните чекори – дека ќе им се јави оператор од странски број, ќе им се кажат следните чекори за „инвестирање“. Но не се работи за инвестициска платформа за која може да се гарантира брза заработка, туку за измамничко рекламирање.

Не е првпат Калиопи да биде злоупотребена во измамничко рекламирање, неодамна таа се најде во лажна реклама за  наводен чудотворен лек за враќање на слухот.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција