Рецензија: Жерновски ја вработи Цаневска- Арсовска во Центар

Партиските вработувања“ на Жерновски со „баснословни хонорари“.

Рецензија: Жерновски ја вработи Цаневска- Арсовска во ЦентарЛинк до оригиналниот напис: Жерновски ја вработи Цаневска- Арсовска во Центар

Датум и време на објавување: 14.05.2013, 10:52

Датум на рецензирање: 15.05.2013

Рецензент: Биљана Илиќ

Вистинитост: Дел од наводите што ги објавува Курир во овој напис се неспорни факти, докажани со „неофицијален документ“, чија веродостојност сепак не е потврдена. Точноста на дел од наводите, кои се однесуваат на бекграундот на наведените лица, сепак, не може да се утврди со читање на овој напис.

Извори на информации: Порталот Курир и други провладини медиуми се повикуваат на изјава на новинарката Катерина Арсовска – Цаневска, која објаснува дека не потпишала договор за работен ангажман. Авторот не се повикува на извор кој го открива списокот на „партиските вработувања“ на Жерновски.

Содржајност: Во текстот недостасува официјално објаснување на општината Центар и евентуално на градоначалникот, а не е соопштено дали е направен обид да се земе изјава.

Пристрасност: Тврдењето дека:

„Жерновски започна да им дава баснословни хонорари на луѓето кои манипулираа за него за време на кампањата и му ги вршеа валканите работи“ е класичен спин и манипулација.

Сумите на бруто-платите се далеку од „баснословни“, а тврдењето дека лицата вршеле „валкани работи“ е груба манипулација.

Коментирање: Написот е воведен со коментаторски поднаслов, а и завршува со коментар дека:

„Партиските вработувања наместо проекти кои ќе бидат во полза на граѓаните се во фокусот на Андреј Жерновски на почетокот од неговиот мандат“.

Говор на омраза: Навредувајќи и оцрнувајќи ги засегнатите лица како „луѓето кои манипулираа за него за време на кампањата и му ги вршеа валканите работи“ и објаснувајќи го нивниот партиски бекграунд, Курир ги дискриминира по политичка основа – членови и симпатизери на ЛДП и на опозицијата имаат право, како и многу други со друга политичка припадност кои се вработени во општината, да бидат ангажирани. Нивната партиска приврзаност не смее да биде елиминаторен фактор.

Заклучок: За „партиски вработувања“ во една општина може да се зборува ако се докаже дека станува збор за масовна појава и дека не се почитуваат критериумите за вработување (образование, стаж, други квалификации и слично).

Не може да се смета за спорно тоа што градоначалникот има право да се опкружи со екипа на луѓе во чија способност има доверба, ниту пак тоа што тие луѓе се симпатизери на неговата партија, а една личност е новинар.

 (2) Рецензија: Жерновски ја вработи Цаневска- Арсовска во Центар

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција