Рецензија: Македонка од секс партија кандидат за пратеник во Австралија

„Се надеваме како Македонци кои живеат во Австралија наскоро ќе се радуваме на изборот на Македонец во Австралискиот парламент“. 

Оваа реченица ја одразува суштината на текстот објавен во неделникот, на порталот, а која се однесува на веста за кандидатурата на Македонка за наредните парламентарни избори на седмиот континент, кога кумановката Невена  Спировска ќе се обиде да стане пратеник од Калвел, сојузна државата Викторија, во сојузниот Парламент.

Прилогот, освен што се обидува „да нѐ зарази“ со патриотската гордост, не ни предава детали од програмата на партијата со  куриозитетно име, која се чини далеку поинтересна од местото на нејзиното раѓање.

Рецензија: Македонса од Секс партија кандидат за пратеник во Австралија

Линк до оригиналниот напис: Македонка од секс партија кандидат а пратеник во Австралија

Датум и време на објавување: 28.08.2013, 21:13

Датум на рецензирање: 29.08.2013

Рецензент: Љубомир Костовски

Вистинитост: Текстот за младата Невена Спировска е преземен од магазинот Шило, ама од овој извор ние добиваме слика која треба кај нас да се создаде за кандидатката  е врзан за нејзиниот прв пасош.

Извори на информации: Авторот на текстот, кој навистина предизвика големо внимание, не ги користел пропагандните линкови на Спировска и нејзината партија, а постоеле и технички можности да се даде и нејзиниот изборен спот кој е особено необичен и претставителен.

Содржајност: Очевидно идејата на авторот била да се стесни нашиот поглед врз програмата за која се застапува кандидатката, а тоа е еднаквоста на половите, заштита на репродуктивните права на жените, слободно користење на лесните дроги и слично.

Пристрасност: Се чини дека свесно се одело кон тоа да се одбегне суштината на политичките прашања за кои се врзува кандидатурата на Спировска. Или поинаку кажано, не може да се побегне од констатацијата дека како да било „незгодно“ за Македонка да се врзуваат идеи кои се отворено либерални и напредни дури и  за земјите од западната демократија.

Оригиналност/Плагијат: Ова е еден од текстовите во кои се наведува изворот на информации, ама конекцијата преку дадениот линк се покажува неуспешна. Во исто време конекцијата која ја даваат други македонски медиуми се покажува поуспешна, што може да е резултат на техничките потенцијали на порталите.

Квалитет на насловот: Насловот е информативен и несензационален. Всушност, само е пренесен од оригиналниот напис на магазинот „Шило“.

Фотографија: И објавената фотографија е како онаа во „Шило“, да ја наречеме прекласична во однос на побудата заради која Невена влегла во политиката и како што е претставена во другите медиуми во Австралија или на Интернет. Таа ја сокрива политичката личност на Спировска и ја сведува на портрет од некакво стандардно матурантско табло.

Заклучок:  Комплетниот впечаток кој произлегува од читањето на текстот е дека тој ги сокрива сите релевантни податоци за ликот на политичарката. Не се објаснува ниту самото име на нејзината Секс партија, што е одбегнување на суштината во известувањето во овој случај. Некој сметал  и во „Шило“ и во „Република“ дека тие податоци би  и ја „расипале фризурата“ на австралиската Македонка Спировска.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција