Рецензија: СДСМ лобира кај странските амбасади против предвремени избори

kurir_mk_makedonija_vesti_148601-SDSM-lobira-kaj-stranskite-ambasadi-protiv-predvremeni-i-crop-resize

Текстот насловен:„СДСМ лобира кај странските амбасади против предвремени избори“, ја турка тезата дека социјалдемократите се плашат од изборно соочување. Станува збор за уште еден од низата написи кои на истата тема, веќе подолго време ги пласираат овој и неколку други  медиумиИ повторно се користат анонимни извори, во конкретниот пример „дипломатски“, а потоа, според веќе востановената практика, врз основа на непотврдени информации се прави тенденциозна проценка за наводниот страв и нервоза кај  најголемата опозициска партија.

Како се наближуваат деновите во кои ќе мора да се донесе одлуката за тоа дали Република Македонија оваа пролет ќе оди на предвремени избори, очигледно расте нервозата кај оние политички структури кои се против одржување на предвремените парламентарни избори, а пред се во редовите на СДСМ.

FireShot Screen Capture #199 - 'СДСМ лобира кај странските амбасади против предвремени избори' - kurir_mk_makedonija_vesti_148601-SDSM-lobira-kaj-stranskite-ambasadi-protiv-predvremeni-izboriЛинк до оригиналниот напис: СДСМ лобира кај странските амбасади против предвремени избори

Датум и време на објавување: 20.02.2014, 14:45

Датум на рецензирање: 22.02.2014

Рецензент: Оливера Војновска

Вистинитост: Материјалот не се темели на факти, туку „тежи“ од конструкции и паушални толкувања, кои на читателите им се сервираат како неприкосновена вистина. Целиот текст  „виси“, од првата до последната речница.

За ниту едно од изнесените тврдења нема доказ:

…очигледно расте нервозата кај оние политички структури кои се против одржување на предвремените парламентарни избори, а пред се во редовите на СДСМ…

 

….скоро сите партии во Македонија, освен СДСМ, потенцираат дека не би имале ништо против одржување на предвремени избори…

 

….раководството на СДСМ нескриено, во последните дваесетина дена лобира против идејата за одржување на избори.

 

Целта било, по секоја цена, да се најде начин да не се одржат предвремени парламентарни избори.

 

….дипломатите во Скопје ја знаат оваа желба на СДСМ но никој дал позитивен одговор заради принципиелниот став против мешање во внатрешните демократски процеси во државата.

Извори на информации: Во текстот не се посочуваат прецизни извори на информации, туку се користат познатите формулации: „според наши информации“ и „добро упатени дипломатски извори“.

Содржајност: Материјалот е целосно едностран. Видливо е дека втортата страна страна воопшто и не била планирана.

Пристрасност: Со пртеставувањето на опозицијата како неподготвена и исплашена од избори, се покажува отворена наклонетост кон владејачката партија.

Коментирање: Ова четиво е коментаторски скроено. А, кога коментаторските елементи стануваат сеприсутни, како што е случај со овој напис, не може ниту да се каже дали се или не се интегрирани со фактите, бидејќи факти нема!

Оригиналност/Плагијат: Текстот е без авторски потпис и истиот ден го пренесоа повеќе медиуми.

Квалитет на насловот: Гледано од професионален аспект, насловот е долг и неинвентивен. Не е првпат СДСМ да се обвинува дека „плаче“ кај дипломатите. 

Фотографија: Фотографијата што е употребена како илустрација не кажува ништо особено. На неа се гледа дел од раководството на СДСМ.

Заклучок: Во текстот што го рецензираме  потфрлиле основните новинарски принципи за професионално и  објективно информирање. Неименуваниот автор преку неименувани извори,  без аргументи пласира конструкции и се обидува да го насочи јавното мислење да верува дека СДСМ има „уплав“ од предвремени парламентарни избори. Овој материјал е скроен за да го нападне политичкиот противник и да наметне перцепција дека социјалдемократите, наводно, ги очекува нов изборен пораз. Всушност, тоа е главната поента на текстот и  неслучајно  ваквата порака се испраќа уште во првата реченица.

Раководството на оваа партија долго време се надеваше дека ќе успее да ги убеди партиите на Албанците во Македонија да не дадат поддршка или да не иницираат одржување на парламентарни избори, а со тоа да успее да избегне очигледен пораз

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција