Рецензија: Постизборниот период – нова шанса за преговорите

FireShot Screen Capture #139 - 'МРТ' - www_mtv_com_mk_node_8105-crop-resize

За време на предизборниот молк на еден заобиколив начин се прекршува истиот, при што се пушта однапред подготвен прилог во вести, кој треба да оди во прилог на актуелната гарнитура – претседателот Иванов и Владата на РМ. Истиот може да се најде и на сајтот на националниот радиодифузер.

FireShot Screen Capture #139 - 'МРТ' - www_mtv_com_mk_node_8105Линк до оригиналниот напис: Постизборниот период – нова шанса за преговорите

Датум и време на објавување: 26.04.2014 17:18

Датум на рецензирање: 27.04.2014

Рецензент: Љубомир Костовски

Прилогот говори за успесите на нашата надворешна политика преку тезата – да не е блокада на Грција, ние би биле веќе во НАТО и ЕУ. „Иако ги исполни сите критериуми, сепак изостанува поканата за почеток на преговорите, а тоа е поради притисокот што го прави нашиот јужен сосед врз меѓународната заедница цврсто лобирајќи дека е конструктивен преговарач за името, што наполно не е точно“ – анализираат експерти за МТВ.

И изборот на темата и соговорниците едноставно не е во согласност со политиката на неутралност на јавниот сервис и изоставување на теми кои беа предмет на предизборни препукувања меѓу политичките конкуренти. Секако ниту тезата, бидејќи, истата се удира во ѕидот на сите анализи и документи на форумите, поединците и иституциите на Унијата, посебно од последните пет години, каде се бараат однапред исполнувања на одредени критериуми како што е слободата на медиумите, односите меѓу партиите, функционирањето на Парламентот, независноста на судството…

Да ги споменеме како извори само линковите кои ни се при рака, едниот каде Жан Клод Јункер, водeчкиот кандидат на Европската народна партија (во која членува и ВМРО-ДПМНЕ), по повод лансирањето на својата кандидатура за иден претседател на Европската комисија, како еден од своите 5 главни приоритети во следните 5 години воопшто не го спомна проширувањето! Ова отприлика може да се толкува дека „возот ни заминал“, односно дека сме ги пропуштиле за време на овој претседател и оваа Влада последните прилики да влеземе во него, а не дека само што не почнале „вистинските преговори“ како што се сугерира во насловот. Исто така, може да се сретне и изјавата на Јункер за Индепендент каде нема ниту траг од оптимизмот на соговорниците на МТВ по ова прашање.

Впрочем, МТВ има проблем и со изворите на информацијата (тезата). Најпрвин тука е главниот советник на кандидатот за претседател и актуелен вршител на оваа функција Ѓорѓе Иванов за надворешна политика – ексамбасадорот Ристо Никовски. За „неверните Томи“ да потсетиме на тој факт преку линкот под наслов „Советниците на претседателот Иванов“. Тој е претставен како експерт, а не се споменува неговата позначајна функција, што доведува до забуна кај проследувачот на прилогот. Тој е секако дециден во концетрацијата на проблемот на едно место – во Атина и во тоа дека на сите други полиња „имаме напредок“. Тоа секако е пофалба за оние кои во последните осум години ја водат надворешната политика.

Иако е тоа кршење на молкот (значи телевизијата може да објавува информации кои нема да значат оценување на нечии постапки и да бидат нечии референци и кои можат дополнително да влијаат на изборот кај гласачите) уште покилава е работата која значи барем некакво балансирање (иако тоа е под нивото на основниот проблем кај овој текст и слика: зошто е објавен). Иако се најавуваат стручњаци, се користи множина, имаме само двајца аналитичари.

Вториот соговорник е пак посебна приказна, иако говори за позитивните извештаи на РМ во ЕУ. Се работи за д-р Стојан Савевски од Европскиот универзитет. Ама споменатиот професор Славевски, кој до неоамна бил доцент, денес е вонреден професор и никако не е познат како политички аналитичар – се работи евентуално за стручњак за огнено оружје и тој е автор на еден учебник по предметот криминалистика (!) на овој Универзитет. Дури, истиот ден во весникот Вечер може да го сретнете неговото име во прилог за долгите цевки! Ова е една додатна девалвација на јавниот сервис: и да не се работеше за предизборен молк, реферетноста на еден од изворите е крајно проблематична. Славевски може да говори како граѓанин, ама не и како стручњак за надворешна политика.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција