Рецензија: Како СОРОС само Струмица, Центар и Струга ги одбра за ангажирање координатори?

FireShot-Screen-Capture-018-www_kurir_mk_makedonija_vest-crop-resize

За новинарот фактите треба да бидат неприкосновени, а неговата обврска е да ги става во првилен контекст и да оневозможи нивната злоупотреба. Ако се работи за гласини, претпоставки или шпекулации тоа мора јасно да се каже и да се објави.

Рецензираме текст кој во сосема легален, легитимен и транспарентен проект на Фондацијата отворено општество Македонија (ФООМ) гледа нешто „сомнително“. На тоа ја „предупредува“ јавноста, создавајќи за оваа организација негативна перцепција кај граѓаните и ја става во контекст на настани со кои таа нема ама баш никава врска.

„Како СОРОС само Струмица, Центар и Струга ги одбра за ангажирање кординатори…Зијадин Села очигледно е ставен на приоритет на ФООМ како најгласен по пресудите за случајот „Монструм“ и протестите кои следеа потоа“.

FireShot Screen Capture #018 - 'Како СОРОС само Струмица, Центар и Струга ги одбра за ангажирање координатори_' - www_kurir_mk_makedonija_vestЛинк до оригиналниот напис: Како СОРОС само Струмица, Центар и Струга ги одбра за ангажирање координатори ?

Датум и време на објавување: 04.08.2014, 14:313

Датум на рецензирање: 05.08.2014

Рецензент: Александар Писарев

 

БОМБАРДИРАЊЕ СО ЛАЖНИ ИНФОРМАЦИИ

Отворената и упорна манипулација со граѓаните, при што тие се бомбардираат со лажни информации, е направена единствено со желба да се поверува во содржината која е објавена и да се следи таквото мислење. Мигот во кој треба да се поверува во манипулации и настанот ставен во контекст на еден конкурс апсолутно немаат никаква врска, но не се случајни затоа што протестите против пресудата во „Монструм“ сé уште се свежи.

Притоа, правата вест и информација која произлегува од проектните активности „Општина по мерка на граѓаните“ , за што се агажирани координаторите на проектните активности во „сомнителните општини“ Центар, Струга и Струмица, се маргинализирани, како и целиот бенефит кој треба да произлезе од овој проект и да даде придонес во активно вклучување на граѓаните во подготовката и носењето на локалните политики и обезбедување квалитетни општински услуги.

 

МЕДИУМИ КАКО КОЛАТЕРАЛНА ШТЕТА

Спротивно да на тоа, во целиот проект и изборот на кординаторите медиумот гледа конспиративни активности за поддршка на опозицијата и поддршка на протестите за случајот „Монструм“ што ни со еден факт не може да го потврди.

„Ако изборот на Струмица и Центар е до некаде јасен од причини што тоа се општини на опозицијата со кои раководат Зоран Заев и Андреј Жерновски, останува нејасно како Струга и Зијадин Села влегле во изборот на Фондацијата која важи за отворен поддржувач на опозицијата“.

Вон контекстот и со јасна намера да се дискредитира не само ФООМ, како „колатерална“ штета „настрадаа“и двата медиума на албански јазик. Тие се дискредитирани и ставени во содржината како „зацврстувачи“ на тезите дека ФООМ работи против власта а во полза на опозицијата и протестите за Монструм и за тоа троши пари.

„Дополнително, најактивни во случувањата со протестите по пресудата беа портали на албански јазик кои добиваат финасиска помош токму од Фондацијата Сорос, како „Лајм“ и „Порталб“. Минатата 2013 „Порталб“ доби 40.977 евра донација од СОРОС… што укажува на тоа дека „Порталб“ е чедо на СОРОС.“

Ако содржината на текстот треба да го следи насловниот блок „Како СОРОС само Струмица, Центар и Струга ги одбра за ангажирање координатори“, двата спомнати медиуми немаат ама ваш никаква врска со најавената тема и со ангажирање на кординатори во проектот „Општина по мерка на граѓаните“. Како што нема врска ни тоа дека единствената причина за изборот на општините е ...„што тоа се општини на опозицијата со кои ракводат Зоран Заев и Андреј Жерновски.

Тезата дека во целиот избор на координаторите има нешто „сомнително“ , ја „потврдува“ со „големо чудење“ : „Како во целиот проект влегле Струга и Зијадин Села ? … „останува нејасно како Општина Струга и Зијадин Села влегле во изборот на Фондацијата, која во јавноста важи за отворен поддржувач на политиките на опзицијата“.

Прекршен е член 1 од Кодексот на новинарите на Македонија:

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку станува збор за претпоставки, односно шпекулации, тоа треба да се каже и да се објави. Точност на информација треба да се провери колку штое тоа можно.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција