Пензионерите се возат бесплатно и во недела

Пензионерите четири дена во неделата се возат само со лична карта Фото: Принтскрин

 

ПРОЕКТ: БЕСПЛАТЕН ЈАВЕН ТРАНСПОРТ ВО ГРАДСКИОТ СООБРАЌАЈ ВО СКОПЈЕ ЗА ПЕНЗИОНЕРИ

ВМРО-ДПМНЕ се грижи за старите лица, Владата во соработка со градот Скопје до сега овозможи бесплатен превоз во градскиот јавен сообраќај во Скопје во вторник, петок и сабота. Преку овој проект ќе се овозможи досегашната бесплатна услуга за превоз на пензионерите да се прошири и да важи и во недела. Со ова ќе се креираат услови за рамномерно распределување на бројот на патници (пензионери) кој што сега е сконцентриран во деновите кога тој е бесплатен за пензионерите. На тој начин ќе се создадат услови за намалување на метежот во јавниот сообраќај и ќе се подобри животот на пензионерите. (Рок: 2014 – КОНТИНУИРАНО)

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Од јуни 2014 година пензионерите имаат  бесплатен градски превоз и во недела.  Ова е исполнето ветување на ВМРО-ДПМНЕ дадено во изборната програма  „Проверено“ (2014-2018) во делот „Земја на еднакви можности за сите“ (Достоинствен живот за пензионерите стр.191).

На 20 јуни медиумите пренесоа соопштение од Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) од каде информираат дека:

Од оваа недела, 22.06.2014 година, пензионерите ќе добијат и четвртиот бесплатен ден за возење со автобусите на ЈСП

Оттаму велат дека покрај вторник, петок и сабота право на слободен превоз во недела имаат сите возрасни граѓани со навршени 62- години за жени и 64- години за мажи. Бесплатниот превоз може да го остварат со покажување на лична карта.

 

ИЗВОРИ:

 

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција