Благој Бочварски 

 

Благој Бочварски е градоначалник на Општина Штип

 

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Благој Бочварски е роден на 09.01.1985 година во Штип.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Основното и средно образование ги завршил  во Штип, а дипломирал на Архитектонскиот факултет при универзитетот Универзитет “Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

Зборува англиски јазик. Одлично ги познава програмите Auto Cad и Archi Cad и има сертификат за користење на програмот 3DS Max.

 

КАРИЕРА

Од 2011  до декември 2016 година работи во градежната компанија „Пелагонија инженеринг“ Штип како дипломиран инженер архитект.

На предвремените парламентарни избори во декември 2016 година е избран за  пратеник во Собранието на Република Македонија.

На  локалните избори во октомври 2017 година  е избран за градоначалник на Општина Штип.

 

ИЗВОРИ

Веб-страница на Општина Штип: Градоначалник/Биографија

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција