Фејсбук објава шири произволни обвинувања за педофили во ВМРО-ДПМНЕ

Пост на социјалната мрежа Фејсбук шири информации дека во опозициската ВМРО-ДПМНЕ имало педофили. Ова се целосно непроверени и непотврдени информации, и поради тоа може да се квалификуваат како лажни. Објавата има 288 реакции, 97 коментари и 16 споделувања

 

Пост на социјалната мрежа Фејсбук шири информации дека во опозициската ВМРО-ДПМНЕ имало педофили. Ова се целосно непроверени и непотврдени информации, и поради тоа може да се квалификуваат како лажни. Објавата има 288 реакции, 97 коментари и 16 споделувања

 

Постот на Фејсбук пренесува напис објавен на Охридскај со наслов „За Кецарошите и педофилите од ВМРО ДПМНЕ,образовниот пат на Венко Филипче“. Во него се вели:

Вчера ,опозициската ВМРО ДПМНЕ, во наплив на преголема нивна аналфабетна стручност, крајно подло, неетички, нечовечки , дунстерски , го нарекоа министерот венко Флипче „Кецарош“?! Но има разлика помеѓу нивниот придојден артефактно-педофилски квази експерт Вељо Маркоски, на кого патем истите тие од ВМРО ДПМНЕ му ја одземаа докторкста лиценцата, полежа малку по притворските соби на Шутка ,од каде го устоличлија за главен педофил на Медицинскиот факултет во Штип, но за тоа во друга прилика ,деновиве, се вели на почетокот од написот.

Досега во јавноста не е познато некој член на ВМРО-ДПМНЕ да бил осуден за педофилија, па оттаму да може да биде квалификуван како педофил, така што коментарот: „педофилите во ВМРО-ДПМНЕ“ е произволен и некорктен.

Понатаму, во текстот конкретно како педофил се посочува инфектологот, д-р Вело Марковски, кој од неодамна е нов член на Извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ. Написот, повторно произволно наведува дека Марковски бил „главен педофил на Медицинскиот факултет во Штип“.

Шпекулации од ваков тип и досега имало  во јавноста, пред речиси два месеца обвинувања дека инфектологот Марковски е „сексуален предатор“ осамнаа и на Твитер, но и тие се сведоа на чаршиски муабети.

Преку 30 ученички на Вишата медицинска школа поднеле преставки за сексуално вознемирување против Вело Марковски. Вело Марковски, е избркан од Медицинската школа во Битола. Сега му е колега на Апасиев во Штип и член на Извршен на ДПМНЕ, толку за сексуалниот предатор, се вели во твитот на на извесен Бобиток.

Под ваквата објава следат логични прашања од други корисници на Твитер: „Зошто Вело Марковски не е во затвор?“ и „Зошто никој не повел постапка?“.

Токму така. Досега никој официјално не ги потврдил ваквите информации, ниту пак, со темелно пребарување на Интернет можат да се најдат написи поврзани со ваквите тврдења, дека, наводно, Марковски некогаш бил обвинет или осуден за педофилија.

Никакви докази нема ниту во текстот што го рецензираме. Само шпекулации и нафрлања  без никаква потврда.

Во другиот дел написот е пренесува биографијата на министерот за здравство Венко Филипче.

Па гледано во целина, може да се каже дека текстот кој се споделува на Фејсбук е делумно невистинит, односно лажен е првиот дел во кој се тврди дека имало педофили во ВМРО-ДПМНЕ и дека Вело Марковски бил „педофилски квази експерт“, додека пак, делот со биографијата на Филипче е вистинит.

Објавувањето на вакви непроверени информации кои етикетираат одредена личност, (во случајов Вело Марковски се етикетира како педофил), се крајно несериозни и штетни, не само по угледот на личноста која се таргетира, туку и по однос на јавното мислење кое се креира.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција