Адријатик Келменди: Пандемиjaта, најголемиот предизвик за косовското новинарство во последните три децении

Како и во секоја друга земја, и во Косово, медиумите се погодени од пандемијата. Во интервју за Portalb.mk, Адријатик Келменди, генерален директор на КЛАН Косовa и автор на емисијата „Рубикон“, зборува за предизвиците со кои се соочиле во последните три месеци. Келменди го опишува овој период како најпредизвикувачки за косовското новинарство во последните три децении

 

Пишува: Дрен Гргури

Како KOVID-19 го трансформира новинарството во Косово?

Келменди: Имаше измени, кои можеби не сме биле во можност да ги видиме порано, затоа што ситуацијата е сосема нова. На Косово има новинари кои биле во период на паралелна држава, што било вонредна состојба во беше периодот на војната, повоената вонредна состојба, сите со свои специфики. Но ситуацијата со пандемиjaта е поразлична од сè затоа што, што и да сметате дека е непријател на нормален живот има адреса, а во овој случај новинарите и медиуми немаа адреса, зашто вирусот е речиси целосно невидлив непријател, со многу непознати на глобално ниво и е веројатно најголемиот предизвик за нас, како новинари и медиуми.

Зошто најголемиот предизвик? На прво место мораше да се браниме, бидејќи да си новинар или медиум можеш да бидеш потенцијална жртва, но како второ, мораше да ги заштитиш оние што зависат од твоите информации, за да не станеш цел на лажни вести. Во овој случај, работата е двојно зголемена и можеби капацитетите се намалија бидејќи моравме да работиме и во смени, кога некој работеше од дома, некој излегуваше од време на време да работи, имаше и рестрикции на патувањето во градовите  што беа во карантин, така што сето ова нè натера да се фокусираме на новинарска покриеност за КОВИД, но и да се грижиме за себе.

Исто така, тешко беше да се пристапи до информации од властите кои ги имаат овие информации, без разлика дали се лекари или агенции за безбедност, иако се обидовме да се осигураме дека ова не се одразува на известување. Направени се титански напори за одржување на нивото на одговорност и професионализам.

Кои дигитални начини / методи ги користат новинарите за да комуницираат со нивните извори и дали мислите дека сега тие се поотворени за комуникација со користење на дигитални алатки во споредба со периодот пред пандемијата?

Келменди: Условно да. Пандемијата ни кажува дека не мора секогаш да бидете на местото на лицето што треба да го интервјурате, особено на ТВ, каде се потребни снимки. И видовме можност да користиме различни апликации за спроведување квалитетни интервјуа, со актери кои не мора да се на местото каде што вие оперирате, а тоа потоа ги охрабри медиумите земаат интервју од нивоа што не можеа да се постигнат порано. Технологијата напредувала многу, но не може да ја замени директната дискусија бидејќи секогаш ќе се изгуби нешто од динамика, од ритам, итн., така што ова е една од лекциите од ова време.

Институциите ги користеа и социјалните мрежи

Од ваша гледна точка, дали институциите и компаниите објавуваат повеќе податоци на Интернет од порано и дали забележавте разлика во квалитетот на податоците и информациите?

Келменди: Да, институциите ги користеа и социјални мрежи и други дигитални платформи за објавување податоци, од многу причини и за да избегнат директен контакт. Во однос на квалитетот, имало случаи кога заради брзината на реакција, за да не се остави простор за дезинформации, се бараше побрзо да се излезе со информации и тоа понекогаш влијаеше на тој финален производ, кој треба да се провери повеќе од нормалното. Исто така има случаи кога, заради брзање, институциите обезбедија брза нецелосна информација, како што е случајот со жена која почина и беше опишана како КОВИД во Исток, како и други случаи.

Каков е вашиот впечаток – довербата на јавноста во известувањето на медиумите е зголемена, намалена или остана непроменета за време на пандемискиот период?

Келменди: Не верувам дека ова може да се каже сега, ние продолжуваме да бидеме во пандемична ситуација, иако со полесни мерки. Веројатно ќе има потреба за длабинско истражување. Можам да кажам дека интересот за информирање е многу поголем отколку порано и тоа може логично да доведе до поголема доверба. Тоа го забележавме и од гледаноста, затоа што ја мериме гледаноста на ТВ каде што работам и имаше многу поголема гледаност од вообичаеното. Од дистрибуцијата на вестите што ги доставивме, или видеата / емисиите на социјалните мрежи на компанијата, таа се зголеми и се зголеми читаноста на нашиот портал, што значи дека имало зголемен интерес за информациите. Верувам дека тоа е поврзано со доверливоста, затоа што ако имате доверба во некој медиум, им се обраќате нив за информации.

Притисок врз новинарите, притисок и врз медиумите

Кои аспекти од работата и животот на новинарите се најмногу погодени во текот на пандемискиот период?

Келменди: Првиот е ризикот од заболување на вирусот, затоа што како новинар, заедно со полицијата и лекарите, на некој начин бевме во првата линија на фронтот и сме должни да ги информираме другите што е се случува со пандемијата, така што и отидовме да разговараме со луѓе за кои постоеа сомнение дека биле погодени, или отидовме во општините или во подрачјата каде беа најмногу погодени и тоа секако не загрози и нас. Како резултат на тоа, стресот на работа се зголеми, притисокот, излегувањето на терен подолго време, сето тоа влијаше да се зголеми притисокот.

Исто така, медиумите се соочија со престанок на некои маркетинг кампањи затоа што некои компании ја прекинаа нивната работа, активности и исто така ги прекинаа нивните маркетинг кампањи. Ова веднаш влијаеше врз приходите на компанијата, што влијае на платите или на други трошоци. Она што се случи следно е дека дури и оние компании или организации кои продолжија да рекламираат на ТВ, почнаа да не вршат редовни плаќања и ова претставува дополнителна тешкотија. Добро е што не траеше долго и видоа дека медиумите, ТВ-содржините се консумират повеќе од порано, имаше и други компании кои сметаа дека ова е профитабилно за нив, започнаа да ги вртат повторно кампњите затоа што гледаноста веројатно е двојно поголема отколку во обичните ситуации и овие беа разни предизвици.

Протокол за борба пртив дезинформациите

Кои методи во борбата против дезинформациите се практикуваат во косовските медиуми?

Келменди: Во овие протоколи што ги споменуваме се инсистираше да имаме верифицирани информации од официјални извори. Во ваква ситуации луѓето делуваат во паника и кога се исплашени, тогаш, исто така, имаат тенденција дека треба брзо да реагираат и ние бевме нападнати со информации од сите страни. Треба да бидеме повнимателни отколку во други околности за да ги верификуваме вестите и да најдеме доверливи луѓе или извори за да ги потврдиме вестите. Значи, секогаш сме повторувале дека без, барем, официјални потврди, ќе бидеме внимателни да не објавуваме ништо, токму затоа што е зголемен бројот на информации што дошле до нашите редакции.

Кои се главните извори на дезинформација во Косово?

Келменди: Кај нас, на политичко поле. Ние не бев баш во иста ситуација како други држави, бидејќи ја имавме политичката криза и потрошивме повеќе време за да известуваме за политички битки и имаше помалку консензус за мерките преземени од владата и општините да се справат со пандемијата. Ова директно не предизвика големи политички дебати, што последователно ќе доведеше до информации и дезинформации околу пандемијата.

Но, има различни луѓе, без разлика дали познати личности кои имале многу следбеници, или други луѓе кои сакале да го привлечат вниманието на луѓето, да ги кажат своите теории, до теории на заговор, да раскажуваат алтернативни начини за справување со вирусот и ова носеше  да станат прашања за јавна дебата. Сепак, верувам дека медиумите во Косово во најголем дел, особено традиционалните како ТВ, одиграа многу задоволителна улога во информирање на граѓаните и добро е што повеќето од граѓаните избраа од традиционалните медиуми да бидат информирани и да ги следат. Со оглед на тоа што дури и на социјалните мрежи овие медиуми имаат големо присуство, дури и на социјалните мрежи доминираа повеќе информации од „официјалните линии“ на новинарството отколку од други лица кои не се повикани да информираат.

Дали интензитетот на дезинформацијата е ист, како и пред почетокот на пандемијата и што мислите за видот на дезинформацијате споделени во овој период?

Келменди: Верувам дека има неколку промени, но не и по количина. Додека во почетокот имаше повеќе дезинформации за тоа од каде потекнува вирусот, колку луѓе ќе страдаат, сега поминавме во друга фаза. Значи, тоа се смени од стравот од тоа што ќе се случи со нас, во стравот од тоа кој го стори тоа против нас и од која причина. Сега ми се чини дека сме повеќе во втората фаза, кога луѓето почнаа да бидат скептични зошто се преземени сите овие мерки и дали има нешто во позадина околу вирусот.

Зголемена е соработката на медиумите со институциите

Келменди: Вреди да се напомене дека е зголемена соработката меѓу медиумите и институциите, гледајќи дека тие зависат едни од други и ова може да биде добра работа. Се разбира, не треба да се заборави дека новинарите секогаш треба да ги преземаат официјалните извори понекогаш со резерви, од каде доаѓаат и да ги истражуваат на терен, колку е можно во овие ситуации. Верувам дека ова до одреден степен ја подобри потребата за соработка во областа на информативните медиуми и институции, без разлика дали беа локална, здравствена или централна власт.

Дали сте повеќе загрижени за вашата приватност сега кога многу комуникации се случуваат онлајн или преку телефон?

Келменди: Како и секој лек кој има свои ефекти, верувам дека дури и овој лек што го откривме да комуницираме во ситуации кога сте затворени, има негативни несакани ефекти, кои можат да бидат прислушкување или да се користат/ставаат на располагање информации што ги примаме или им ги доставуваме на трети страни. Така, употребата на комуникациска технологија секогаш го зголемува просторот за мешање и да бидеш следен или прислушкуван цело време. Ова потоа го носи ризикот и да биде предмет на злоупотреби.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција