Аеродромот во Франкфурт не ја навел платата на нивниот оглас за работa

Со тоа што не ви дава дополнителни информации како и каде да аплицирате, порталот “Радиопаварсија” преку сензационален наслов ги повикува читателите да „побрзаат“ бидејќи според овој портал, во Германија се нуди плата од 30 илјади евра. Порталб ја провери оваа информација и се покажа дека германските медиуми не пишувале за тоа, а пак компанијата за која се говори во веста на огласот за работа ја нема наведено платата, ниту месечната ниту годишната, пишува Порталб.мк

Со тоа што не ви дава дополнителни информации како и каде да аплицирате, порталот “Радиопаварсија” преку сензационален наслов ги повикува читателите да „побрзаат“ бидејќи според овој портал, во Германија се нуди плата од 30 илјади евра. Порталб ја провери оваа информација и се покажа дека германските медиуми не пишувале за тоа, а пак компанијата за која се говори во веста на огласот за работа ја нема наведено платата, ниту месечната ниту годишната, пишува Порталб.мк

 

Од Ардит Рамадани

Веста од насловот јасно е дека е создадена за да привлече што повеќе читатели, имајќи ја предвид потребата на граѓаните за работа, но истата речиси и да не содржи ништо вистинито во себе.

„Побрзајте, Германија бара работници: 30 илјади евра плата и платен стан !! пишува во насловот на веста што ја рецензираме.

Значи, овој наслов е крајно сензационален и „атрактивен“ за читателите, што на некој начин ги алармира граѓаните дури и со интерпункциските знаци кои се користени, создавајќи лажен повик за непостоечко работно место.

Во веста како извор е употребен изразот „германските медиуми“ за информацијата да изгледа што е можно поверодостојна во очите на читателите, поради авторитетот или кредибилитетот што медиумите на Европската унија го уживаат кај масите.

„Најголемиот германски работодавач, аеродромот Фрапорт, објави дека на заинтересираните работници им нуди годишна плата меѓу 25 илјади и 30 илјади евра“, пишуваат германските медиуми, пишува во веста што ја рецензираме.

Не, германските медиуми не пишувале за тоа и не, аеродромот во Франкфурт не ја навел платата на нивниот оглас за работа

Иако единствен извор во оваа вест пишува дека се „германски медиуми“, ниту еден од германските медиуми не пишувал дека „Фрапорт“ бара работници кои ќе имаат годишна плата од 30 илјади евра.

Да, „Фрапорт“ има објавено огласи за вработување во нивната официјална веб-страница, но, во описот на она што нуди аеродромот како работодавач и што бара од работниците, никаде не е запишана месечната или годишната плата.

Читателите на ваквите вести секогаш треба да ја проверуваат информацијата пред да ги достават своите лични податоци за евентуално вработување, а тоа е така, затоа што можностите за разни злоупотреби се големи, имајќи ја предвид потребата на граѓаните за работа, особено во некоја од земјите на Европската Унијата.

Авторот на оваа вест користел неколку техники на манипулација

Прво, во прирачникот на CriThink има нешто што се вика „Алармизам“ или на англиски Alarmism, што значи дека авторот потегнува претерано предупредување за нешто замислено, се заради сензационализам и кликови.

Имајќи предвид дека како извор на оваа информација, авторот ги означил „германските медиуми“, го користел методот на манипулација познат како „повикување на авторитет“, така, овој автор го искористи авторитетот на германските медиуми со цел дезинформациите да им изгледаат што е можно поверодостојни на читателите.

Од друга страна, искористувајќи го фактот на економската криза и поради пандемијата со Ковид-19, авторот на оваа дезинформација ja искористил несреќата на граѓаните и манипулирал со нивните емоции, лажејќи ги за нешто што можеби тие имаат потреба. Во новинарството е познат факт дека во исклучителни случаи дезинформациите имаат поголем ефект.

Целото внимание и акцент на веста е ставен на високата плата, тоа е поради емоциите кои тие бројки ги предизвикуваат кај читателите додека се занемарени сите останати основни податоци за тоа каде, до кога е рокот за аплицирање и кои германски медиуми пишувале за тоа. На крајот, за оваа вест да биде целосна не одговорила на основните прашања, меѓу кои: „Кој?“, „Што?“, „Кога?“, „Каде?“ и „Како?”.

 


Овој напис е изработен во рамките на проектот Проверка на фактите за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција