Американски карикатурист ги промовира многупати слушнатите дезинформации на Кремљ

Тајм магазинот во декември 2022 година го прогласи претседателот на Украина, Зеленски за личност на годината, но тоа не беше направено на начин каков што е презентиран во постот. Во конкретниот случај станува збор за графички изменета содржина, а оригиналната фотографија од насловната на Тајм магазинот може да ја погледнете на следниот линк. Исто така, не е точно дека Зеленски изјавил ако продолжи војната ќе може да се измамат уште неколку милијарди. Сета воена помош што Украина ја добива за одбрана од бруталната воена агресија на Русија , државите ѝ ја даваат доброволно и не претставува предмет на манипулација или измама

Тајм магазинот во декември 2022 година го прогласи претседателот на Украина, Зеленски за личност на годината, но тоа не беше направено на начин каков што е презентиран во постот. Во конкретниот случај станува збор за карикатура, а оригиналната фотографија од насловната на Тајм магазинот може да ја погледнете на следниот линк. Исто така, не е точно дека војната продолжува за да се измамат уште неколку милијарди (долари). Сета воена помош што Украина ја добива за одбрана од бруталната воена агресија на Русија, државите ѝ ја даваат доброволно и не претставува предмет на манипулација или измама

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се споделува наводна насловна страна на Тајм магазинот, а на која се наоѓа претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Во склоп на постот пишува:

Кукла на годината. Продолжете ја војната што е можно подолго и можеме да измамиме уште неколку милијарди.

Насловната страница на Тајм магазинот, којашто е прикажана во постот што го рецензираме, содржи реченични конструкции кои гласат: „Какво губење на времето и парите и човечките животи” и испишан е датумот декември 2022 година.

Во долниот лев агол испишано е името Бен Гарисон. Тој е карикатурист од САД, за кого медиумите имаат пишувано дека е расист, антифеминист, конспирационист, ксенофоб, а обвинуван е и за антисемитизам. Неговите карикатури честопати го глорифицираат Доланд Трамп и други американски конзервативни политичари, а демонизираат либерални политички фигури како Џо Бајден и Хилари Клинтон

Точно е дека Тајм магазинот во декември 2022 година го прогласи претедателот на Украина, Зеленски за личност на годината, меѓутоа тоа не беше направено на начин каков што е презентиран во постот. Станува збор за карикатура на авторот Гарисон.

Оригиналната фотографија од насловната на Тајм магазинот може да ја погледнете на следниот линк.  Лани во декември Зеленски и духот на Украина беше прогласен за личност на годината во 2022 година и насловната страница содржеше патриотски мотиви од Украина, која ја помина 2022 година бранејќи се од брутална воена инвазија од страна на Русија. Со насловната страница на Тајм им беше оддадена почит и на луѓето кои се борат за Украина позади сцената, односно оние кои не се гледаат секој ден на телевизија, но со нивната работа и отпор си ја бранат татковината.

Насловната страница на Тајм магазинот со години претставува предмет на фотошопирање и изменување на нејзината содржина за да се излаже јавноста дека станува збор за вистинита насловна страница и да се изманипулира јавното мислење. 

Што се однесува на делот од постот каде што се се вели дека ако продолжи војната ќе може да се измамат уште неколку милијарди, ова не е точно.

Сета воена помош што Украина ја добива за одбрана од бруталната воена инвазија, која Русија ја спроведува врз Украина, е доброволна и не претставува предмет на манипулација или измама. Станува збор за финансиска и воена помош што се дава како резултат на одлука меѓу повеќе држави. Исто така, сите одлуки за тоа какви одбранбени дејствија ќе презема Украина претставуваат државнички одлуки на Украина.

Наративот дека Украина е манипулирана од западот е присутен особено во про-Кремљ пропагандата за да се претстави Украина како несуверена и манипулирана држава, спасувана од страна на Русија. Ова не е точно. Украина, како призната и суверена држава, членка на Обединетите нации е жртва на агресија од својот сосед Русија, која официјално анектира нејзина територија. Украина војува да се ослободи, односно ја брани својата независност, а Русија војува за да приграби што повеќе украински територии.

Ако Русија престане да војува и ги повлече своите војници, војната едноставно ќе запре и нема да има потреба од донации за воена помош од страна на европските држави. Западот пружа поддршка за украинската независност, суверенитет и територијален интегритет во рамките на интернационално признаените украински граници и се залага за правото на Украина на самоодбрана. НАТО е одбранбена алијанса и се залага за мир, безбедност и стабилност во целата Евро-атлантска област.

Поради сите горенаведени факти постот кој го рецензираме го оценуваме како невистинит.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција