Андреј Жерновски: По 10.000 денари за секое новороденче во Центар
Двојно зголемување на помошта за секое новородено дете во Центар – по 10.000 денари за секое новороденче
Образложение:
Во февруари 2014 година Општината ги извести семејствата кои имаат постојано живеалиште во Центар и кои имаат добиено принова во текот на 2013 година, да поденасат барање за паричен надомест кој изнесува 5.000 денари. Истовремено, од Општината информираа дека со Програмата за здравствена, социјална заштита и заштита на деца, еднократната помош за сите новородени деца во 2014 година е зголемена на 7.000 денари. [Пристапено на: 28.03.2015]
На шести март 2015 година Општина Центар на 58 новороденчиња им подари по 7.000 денари, како и други подароци. Градоначалникот Андреј Жерновски, во таа пригода рече дека Општината особено внимание им посветува на најмладите:
„Детето не значи многу или малку, тоа значи сѐ . Децата се нашата иднина и затоа вратите на Општината се секогаш отворени за идеи за подобрување на животот на децата“. [Пристапено на: 28.03.2015]
Со оглед на тоа што досега (март 2015), износот на паричниот надоместок за новородено дете во Центар е зголемен за 2.000 денари, а во изборните проекции од април 2013 година нема определено прецизен рок кога оваа еднократна помош двојно ќе се зголеми (од 5.000 на 10.000 денари), ветувањето се оценува како неконкретно.
Линкови:
- Извор: Време е! Изборна програма на Андреј Жерновски за Центар – 2013 (Подобра социјална заштита за граѓаните на Центар – стр. 26 ) [Пристапено на: 28.03.2015]
- http://www.mojotizbor.mk/images/programi2013/LDP/ProgramaZaCentar%20Zernovski.pdf
- А1 ОН (03.02.2014): По 5.000 денари за секое бебе родено минатата година ќе додели Општина Центар [Пристапено на: 28.03.2015]
- http://a1on.mk/wordpress/archives/276927
- А1 ОН (06.03.2015): ФОТО: Општина Центар исплати средства за 58 новороденчиња [Пристапено на: 28.03.2015]
- http://a1on.mk/wordpress/archives/460386
- Нова Македонија (09.03.2015): Општина Центар исплати средства за 58 новороденчиња [Пристапено на: 28.03.2015]
- http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=391594711&id=14&setIzdanie=23414
- Тајм.мк (06.03.2015): Од Општина Центар за 58 новороденчиња надоместок од 7.000 денари и пригодни подароци [Пристапено на: 28.03.2015]
- http://www.time.mk/c/79df7e4166/od-opstina-centar-za-58-novorodencinja-nadomestok-od-7000-denari-i-prigodni-podaroci.html
Оценето од: Оливера Војновска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар