Antidisinfo.net, нова веб-страница како алатка во борбата против дезинформации

Antidisinfo.net / Принтскрин

Новата веб-страница е витален ресурс за јавноста, новинарите и креаторите на политики со цел откривање на странското малигно влијание на Западен Балкан преку разоткривање и мапирање на протокот на дезинформации и пропагандата

 

Фондацијата Метаморфозис денеска го најави лансирањето на својата нова веб-страница – Мрежа против дезинформации на Балканот, Antifisinfo.net.

Оваа веб-страница е витален ресурс за јавноста, новинарите и креаторите на политики со цел откривање на странското малигно влијание на Западен Балкан преку разоткривање и мапирање на протокот на дезинформации и пропагандата што потекнуваат од надворешните актери низ регионот.

„Мрежата против дезинформации на Балканот континуирано спроведува детална и сеопфатна проверка на фактите, поттикнува истражувачко новинарство и подготвува анализи во кои ги разоткрива и мапира дезинформациите и пропагандата, а кои се достапни на веб-страницата antidisinfo.net за да ѝ помогнат на јавноста, новинарите и креаторите на политики да се справуваат со дезинформациите и мисинформациите во регионот“, велат од Фондацијата Метаморфозис.

Оттаму додаваат дека преку новата веб-страница, јавноста ќе добие пристап до материјали од ресурсната база на податоци, која претставува богат извор на податоци од регионот поврзани со протокот на дезинформации и пропагандата.

Мрежата против дезинформации на Балканот е заедничка иницијатива на шест партнерски организации од регионот на Западен Балкан кои се посветени на промовирање транспарентност и точност во медиумскиот простор и интегритет.

На Antidisinfo.net веќе се достапни вести, рецензии, анализи и истражувачки стории кои ги разобличуваат дезинформациските наративи. Исто така, преку новата веб-страница јавноста ќе добие пристап до материјали поврзани со дезинформациските трендови во Западен Балкан.

Дополнително, достапни се информации за партнерските организации од Мрежата против дезинформации на Балканот и нивната заедничка посветеност на медиумскиот интегритет. Веб-страницата e достапна на четири јазици: македонски, албански, англиски и босански/хрватски/српски јазик.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција