Двете улици во штипската населба Баби во ново руво

Градежни активности на улицата бр. 6 Фото: Веб - страница на Општина Штип

 

Да ги изградиме ул. 6 и 7 во Баби 6 со комплетна инфраструктура

[Извор: Изборна програма на Благој Бочварски за локални избори 2017 година,  „Живот во Штип за сите“ (стр. 26), датум: октомври 2017]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Градоначалникот на Штип, Благој Бочварски, за локалните избори (октомври 2017 г.),  како кандидат на СДСМ за челната функција во Општината, вети дека во населбата Баби ќе бидат  изградени  улиците „6“ и „7“. Ова ветување на Бочварски дадено  во неговата изборна програма: „Живот во Штип за сите “,  во делот „МЕСНИ  ПРОЕКТИ“ – Урбани заедници „Баби“ и „Дузлак“ (стр.26), како и за време на неговите настапи во изборната кампања,  е исполнето .

На 12 мај 2018 година градоначалникот на Општина Штип Благој Бочварски,  изврши увид во асфалтирањето на улицата „6“во населба Баби.  Како што информираа медиумите, асфалтирањето на оваа улица следува по поставувањето водоводна и канализациска линија на истата, како и по асфалтирањето на соседната улица „7“ . Инаку, станува збор за улици кои  требало да бидат асфалтирани уште пред неколку години (во мандатот на претходниот градоначалник),  бидејќи  сопствениците на индивидуалните куќи во станбената зона „Баби 6“ одамна ги имаат платено комуналиите. Во истата информација има и изјава од градоначалникот Бочварски во која тој соопшти дека:

Асфалтирањето на оваа улица број шест ќе чини 1.667.000 денари без вклучено ДДВ, односно 1.967.060 денари со вклучен ДДВ. За асфалтирање на улица број седум беа вложени 3.340.000 денари без ДДВ, односно 3.941.200 денари со вклучен ДДВ. Ова е уште едно ветување за кое се зафативме од самиот почеток на мандатот и е потреба на граѓаните од населба Баби.

Во оваа прилика Бочварски кажа и дека од почетокот на декември 2017 година кога почнаа градежните активности за  двете улици, па досега  –  мај 2018 година,  во овие инфраструктурни проекти од буџетот на Општина Штип  се инвестирани речиси 7,5 милиони денари.

Со изведбата на водовод и канализација на улиците 6 и 7, како и со нивното тампонирање и асфалтирање, во населбата Баби во изминативе шест и пол месеци, колку што сум градоначалник, се вложени речиси седум и пол милиони денари. И во иднина продолжуваме со остварување на клучните проекти и ветувања. (Бочварски)

Вести и фотографии поврзани со изградбата на споменатите две улици се објавени и на веб-страницата на Општина Штип.

Имајќи ги предвид информациите објавени  во медиумите и на официјалната интернет-страница на Општината, кои говорат дека на двете улици е поставена инфрструктура (водоводна и канализациска мрежа), дека улицата „7 “е целосно готова , а улицата улицата „6“ е при крај со асфалтирање, може да се каже дека ова изборно ветување на Бочварски е исполнето.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Оливера Војновска

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција