Автобусите во Рига немаат сегрегаторски седишта за Русите

Објава на Фејсбук дезинформира за наводна сегрегаторската политика на јавното транспортно претпријатие во Рига, кое како што неточно се тврди, на патниците кои говорат руски јазик им наложува да седат во задниот дел на автобусот.  Ова тврдење е демантирано од транспортната компанија „Rīgas satiksme“ (Рига превоз). Државната новинска агенција на Летонија, „ЛЕТА“, јави дека полиција започнала истрага за наводните налепници во јавниот превоз во Рига

Објава на Фејсбук дезинформира за наводна сегрегаторската политика на јавното транспортно претпријатие во Рига, кое како што неточно се тврди, на патниците кои говорат руски јазик им наложува да седат во задниот дел на автобусот.  Ова тврдење е демантирано од транспортната компанија „Rīgas satiksme“ (Рига превоз). Државната новинска агенција на Летонија, „ЛЕТА“, јави дека полиција започнала истрага за наводните налепници во јавниот превоз во Рига

 

 

Фејсбук објава лажно пренесува дека автобусите на јавното транспортно претпријатие во Рига, главниот град на Летонија, поставило правило според кое, на патниците кои говорат руски јазик им се забранува да седат со останатите. Во прилог на постот, кој е споделен 26 пати и има  над 90 импресии, е споделена фотографија од наводната налепница од автобусот со такви упатства. Според напишаното на летонски и на руски јазик, се бара од патниците кои зборуваат руски јазик да се упатат кон задниот дел на автобусот.

ГНАСНА СЕГРЕГАЦИЈА во Летонија, секако ПОДДРЖАНА ОД ЕУ!

#Летонија Рускојазичните патници мораат да седат во задниот дел на автобусот“, пишува во ФБ објавата.

Во еден од коментарите овој потег се споредува со апартхејдот во САД во минатиот век, кога афроамериканците имаа посебни места во јавниот превоз:

Исто како пред 70г.во сад и англија што црнци кинези и индијанци смееја да седат само во заден дел на автобус.во црква јавни институции и банки.суд или во училиште.жално колку им е тесен погледот и мозокот на некои.

Но, сето ова не е точно, Фејсбук постот шири невистини. Објавата за сегрегаторската политика на „Rīgas satiksme“ (Рига превоз) прв ја објавил корисник на Твитер во текот на викендот (17-18.09), кој потоа ја избришал. Според пишувањето на летонскиот портал на руски јазик „Постајм“, „на овој профил може да се најдат други лажни вести, како и објави во кои се величи режимот на Кремљ“.

Тврдењето на наводните правила во јавниот превоз во Рига, беше демантирана од транспортната компанија.

Ова не е вистина. Веќе во саботата навечер нашите вработени ги проверија автобусите што влегуваат на паркингот и во депото. Таква информација не беше пронајдена во ниту едно превозно средства, објави на Твитер  Rīgas satiksme.

Објавата покрена и полициска истрага, пишува државната новинска агенција на Летонија, „ЛЕТА“.

Државната полиција започнала истрага за наводните натписи во јавниот превоз во Рига, според кои за патниците кои говорат руски јазик се обезбедуваат места само на задниот дел од автобусот, дознава агенцијата ЛЕТА од полицијата, веста ја споделуваат и други летонски медиуми.

Лажната вест благодарение на социјалните мрежи се прошири брзо и од Летонија стигна и до македонските корисници на Фејсбук.

Балтичка Летонија е членка на Европската унија од 2004 година и граничи со Русија, која веќе шест месеци води војна со својата сосетка Украина. Во Летонија, која уште ја нарекуваат и „мигрантска земја“ доминира летонското население со 59,6 отсто, додека Русите се втор етникум по големина и сочинуваат 27,57 отсто од вкупното население. Белорусите сочинуваат нешто повеќе од 3 отсто, а Украинците – до 3 отсто од сите жители. Етничкиот состав на земјата вклучува една мала група на Литванци и Полјаци, односно 1,33 отсто и 2,37 отсто, а останатиот процент на жители го сочинуваат Евреи, Грци, Казахстанци и Романци.




Qries


 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција