Белите траги од авионите се кондензација, а не хемикалии со кои „нè прскаат“

Белата патека што ја оставаат авионите во воздухот се нарекува „контрејл“ – скратеница од condensation trail, односно патека од кондензација. Облаците во форма на линија се произведени од издувните гасови на моторот на авионот и настануваат поради промени во притисокот на воздухот, обично на авиони кои летаат на височина неколку километри над површината на Земјата. Патеките се составени од вода, во форма на кристали од мраз. Уште пред пет години (ноември 2016) група од 77 научници објавија извештај откако ги прегледаа наводните докази дека некои авиони нè прскаат со хемиски супстанци. Од нив  76 научници изјавија дека не нашле докази за „тајна атмосферска програма од големи размери“

Белата патека што ја оставаат авионите во воздухот се нарекува „контрејл“ – скратеница од condensation trail, односно патека од кондензација. Облаците во форма на линија се произведени од издувните гасови на моторот на авионот и настануваат поради промени во притисокот на воздухот, обично на авиони кои летаат на височина неколку километри над површината на Земјата. Патеките се составени од вода во форма на кристали од мраз. Уште пред пет години (ноември 2016) група од 77 научници објавија извештај, откако ги прегледаа наводните докази дека некои авиони нè прскаат со хемиски супстанци. Од нив  76 научници изјавија дека не нашле докази за „тајна атмосферска програма од големи размери“

 

 

Фејсбук објава која има многу споделувања шири теорија на заговор дека трагите коишто ги оставаат авионите во воздухот, всушност се непознати хемикалии со кои се прска населението и земјата. Ова е неточно.

Денеска повеќе од 200 прелети на Кемтрејл над Скопје, прскање со непознати хемикалии а на ТВ и медиумите ни збор. Дали живееме во свет на зомби?

Во објавата, придружена од две фотографии на кои се гледаат бели траги од авиони, се спомнува терминот „кемтрејл“. Познат израз што се користи за оваа светски проширена теорија на заговор дека со авионите, „не прскаат“ со хемикалии. Изразот е скратеница од англиските зборови chemical и trail односно хемикалија и патека. Според теоријата на заговор за „кемтрејл“ патеките, односно белите траги, кои ги создаваат авионите во воздухот се „хемиски патеки“, наводно се составени од хемиски или биолошки агенси за „злобни цели“.

Оние кои веруваат во оваа теорија на заговор сметаат дека патеката што е подолго време видлива мора да содржи дополнителни супстанции, односно дека нормалната трага од авионот треба брзо да се распрсне, така што облаците кои не исчезнуваат веднаш мора да бидат полни со дополнителни, неоткриени супстанции.

Со оваа шпекулативна теорија се тврди дека ова хемиско прскање се случува за повеќе цели, како контрола на сончевото зрачење, модификација на временските услови, психолошка манипулација, контрола на човечката популација, биолошка или хемиска војна, тестирање на биолошки или хемиски агенси врз популација, како и дека патеките предизвикуваат респираторни заболувања и други здравствени проблеми.

Ваквите тврдења се категорично отфрлени од научната заедница. Нема никакви докази дека наводните хемиски патеки се нешто различно од нормалните, вообичаени траги од вода кои ги оставаат авионите кои летаат на голема височина под одредени атмосферски услови.

Уште пред пет години (ноември 2016) Група од 77 научници објавија извештај откако ги прегледаа наводните докази дека некои авиони нè прскаат со хемиски супстанци. Од тие 77 научници, 76 изјавија дека не нашле докази за „тајна атмосферска програма од големи размери“. Со други зборови, доказите укажуваат на тоа дека патеките се очекуваниот резултат на авионите што летаат во воздухот.

 

Што е всушност белата трага?

Белата патека што ја оставаат авионите во воздухот се нарекува „контрејл“ – скратеница од condensation trail, односно патека од кондензација. Облаците во форма на линија се произведени од издувните гасови на моторот на авионот и настануваат поради промени во притисокот на воздухот, обично на авиони кои летаат на височина неколку километри над површината на Земјата. Патеките се составени од вода, во форма на кристали од мраз. Во зависност од температурата и влажноста на воздухот, тие можат да бидат видливи само неколку секунди или минути, или може да опстојуваат со часови и да се шират на неколку километри.

Интернетот е полн со луѓе кои се целосно сигурни за работи што едноставно не се вистинити и ги шират вирлано особено на социјалните мрежи. Па, така, најобична водена трага од авионите порасна во голема теорија на заговор и тврдење дека „нè прскаат“, нешто што е неточно и за кое што не постојат никакви докази. Затоа, пред да прочитате одреден статус на Фејсбук проверете дали тоа е вистинито пред да споделите и да дезинформирате поголем број на луѓе.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција