Цитат на Хенри Кисинџер поврзан со настаните во Виетнам, атрибуиран на Махатма Ганди

Фото: pixabay.com

Цитатот е од ноември 1968 година, откако Ричард Никсон е избран на претседател на САД. Оригиналниот цитат е забележан од страна на Вилијам Ф.Бакли во журнал на Обединетите Нации, се атрибуира на Хенри Кисинџер и гласи: „На Никсон треба да му се каже дека веројатно целта на Клифорд (секретар за одбрана на Џонсон) е да го смени Тиеу (претседателот на Јужен Виетнам Нгуен Ван Тиеу) пред да биде инаугуриран Никсон. На Никсон треба да му се каже дека ако Тиеу ја доживее истата судбина како Дием (кој бил убиен), другите земји ќе сфатат дека е опасно да се биде непријател на Америка, но да се биде пријател на Америка е фатално“

Цитатот е од ноември 1968 година, откако Ричард Никсон е избран на претседател на САД. Оригиналниот цитат е забележан од страна на Вилијам Ф.Бакли во журнал на Обединетите Нации, се атрибуира на Хенри Кисинџер и гласи: „На Никсон треба да му се каже дека веројатно целта на Клифорд (секретар за одбрана на Џонсон) е да го смени Тиеу (претседателот на Јужен Виетнам Нгуен Ван Тиеу) пред да биде инаугуриран Никсон. На Никсон треба да му се каже дека ако Тиеу ја доживее истата судбина како Дием (кој бил убиен), другите земји ќе сфатат дека е опасно да се биде непријател на Америка, но да се биде пријател на Америка е фатално“

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува фотографија од Махатма Ганди и се вели дека тој кажал:

Опасно е да ѝ бидеш непријател на Америка, но погубно е да ѝ бидеш пријател. Махатма Ганди.

Но, оваа реченица Ганди никогаш не ја кажал и се поврзува со сосема друг човек. Ганди е истакнат индиски водач, кој применувал ненасилна граѓанска непослушност и така ја довел Индија до независност, а истовремено поттикнал движења за граѓански права и слободи ширум светот. Тој бил школуван во здружението „Инер Темпл“ во Лондон и прв применил ненасилна граѓанска непослушност како иселен адвокат во Јужна Африка во тамошната индиска заедница за борба за човековите права.

Според „Волстрит Џрнал“, цитатот од постот што го рецензираме е на Хенри Кисинџер.

Кисинџер е државен секретар на САД во периодот од 1973 до 1977 година. Тој одигра значајна улога во надворешната политика на САД во раните 70-ти години, особено со ставањето крај на американското учество во Виетнамската војна. Неговото искуство и кредибилитет како германско-американски политичар, дипломат и геополитички консултант е непроценливо. Служеше како советник за национална безбедност под претседателските администрации на Ричард Никсон и Џералд Форд. Како
еврејски бегалец избегал од нацистичка Германија со своето семејство во 1938 година. За неговите постапки во преговорите за прекин на огнот во Виетнам, Кисинџер ја доби Нобеловата награда за мир во 1973 година под контроверзни околности, при што двајца членови на комитетот поднесоа оставка во знак на протест. Кисинџер одигра значајна улога во надворешната политика на Соединетите Американски држави меѓу 1969 и 1977 година.

Конкретниот цитат е атрибуиран на Кисинџер од кредибилен извор.

Цитатот е забележан од страна на Вилијам Ф.Бакли во журналот на Обединетите нации: Одисеја на делегат, објавена во Њујорк 1974 година, на страница 56-57 и му се атрибуира на Кисинџер е:

На Никсон треба да му се каже дека веројатно целта на Клифорд (секретар за одбрана на Џонсон) е да го смени Тиеу (претседателот на Јужен Виетнам Нгуен Ван Тиеу) пред да биде инаугуриран Никсон. На Никсон треба да му се каже дека ако Тиеу ја доживее истата судбина како Дием, другите земји ќе сфатат дека е опасно да се биде непријател на Америка, но да се биде пријател на Америка е фатално.

Дием бил убиен, така што судбината на Тиеу за која се говори е смрт.

Цитатот е од ноември 1968 година, откако Ричард Никсон е избран на претседател на САД, а Кисинџер го вели ова како укажување – совет за администрацијата на Никсон  во контекст на справување со лидерот на пучот во Јужен Виетнам.

Целиот контекст на оригиналниот цитат на Кисинџер е изземен во објавата што ја рецензираме, односно одземен е делот дека се работи за коментар за Виетнам, со што се добива невистинита слика дека Кисинџер зборувал општо за САД.

Поради сите горенаведени факти објавата ја оценуваме како невистинита. Цитатот не е на Махатма Ганди, туку на Кисинџер.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција