Девојче повредено пред десет години во војната во Газа, прикажано како жртва на содомија

Девојчето прикажано на фотографијата нема никаква врска со содомија. Девојчето било жртва на војната во Газа и настрадало од артилериски оган во 2014 година. Таа имала фрактура на черепот и скршен нос, поради што се појавиле модринките околу очите. За приказната на малата Нема известиле британски Мирор и Канал 4, а за тоа има и видеозаписи од 2014 и 2015 година

 

Девојчето прикажано на фотографијата нема никаква врска со содомија. Девојчето било жртва на војната во Газа и настрадало од артилериски оган во 2014 година. Таа имала фрактура на черепот и скршен нос, поради што се појавиле модринките околу очите. За приказната на малата Нема известиле британски Мирор и Канал 4, а за тоа има и видеозаписи од 2014 и 2015 година

 

Анализираме објава на Фејсбук која споделува фотографија од деца кои имаат видливи повреди на лицето околу очите и која вели:

Чувајте си ги децата!!!

На самата фотографија со децата стои натпис:

„Панда очите“ се јавуваат кога детето е содомизирано и кога од траумата пукаат капиларите околу неговите очи (кои се испакнати кога се содомизирани) што создава модринки во форма на прстен.

Нашата проверка покажа дека фотографијата нема никаква врска со деца кои се содомизирани, како што тврди објавата. Имено, девојчето прикажано прво на фотографијата е Нема од Газа, за која медиумите известувале во 2014 и 2015 година, и која настрадала од експлозија при што се здобила со повреди околу очите.

Како што известил британски „Мирор“ на 28 јули 2014 година, новинарот Џон Сноу од Канал 4 снимил видео за децата жртви на војната во Газа, а во видеото било прикажано тогаш двегодишно девојче со модринки околу лицето, „толку лоши што изгледала како панда“.

Една особено вознемирувачка слика е Нема, која на само две години има модринки околу очите толку тешки што изгледа како панда. Таа, наводно, била разнесена во израелски артилериски напад минатата недела. Сноу рече: „Не можам да ја тргнам од памет. Двегодишната Нема. Нејзиниот скршен череп и скршениот нос предизвикаа две огромни кружни гнојни дамки затворајќи ги нејзините мали очи, пишува Мирор во написот од 2014 година.

Видеото на кое е прикажано двегодишното девојче со очи како панда, е достапно и на Јутјуб (2:15 минута).

Една година подоцна, во јули 2015 година, новинарот Џон Сноу заминал повторно во Газа за да ја види  Нема. Видео од оваа посета, исто така може да се најде на Јутјуб (2:45 минута).

И тогаш „Мирор“ пишувал за девојчето, односно ја пренел сторијата на Сноу.

Една година по кризата во Газа, девојчето кое претрпе толку тешки модринки што ја направија да изгледа како панда, е непрепознатливао. Една година подоцна, новинарот се врати во Газа за повторно да се соедини со Нема, чии рани изгледаат целосно зараснати. Сега таа изгледа среќно и здраво, иако се чини дека претрпела некои несакани ефекти од трауматичното искушение, пишува Мирор.

Во видеото од средбата на Сноу со малата Нема, новинарот вели:

Нејзините ужасни модринки и очи како на панда беше невозможно да се заборават. Сега е безбедна во прегратките на нејзиниот татко, нејзините очи закрепнаа. Но, сега таа малку се грчи и навечер мокри во кревет.

Од сето ова можеме да заклучиме дека девојчето прикажано на фотографијата нема никаква врска со содомија. Девојчето било жртва на војната во Газа и настрадало од артилериски оган. Таа имала фрактура на черепот и скршен нос, поради што се појавиле модринките околу очите.  За приказната на малата Нема известиле британски Мирор и Канал 4, а за тоа има и видео записи од 2014 и 2015 година. Поради тоа, објавата што ја анализираме, ја оценуваме како неточна.

 

 



 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција