Дезинформациите од вештачката интелигенција како „најголема краткорочна закана за глобалната економија“

Фото: Mojahid Mottakin on Unsplash

Оваа година се одржуваат избори во земји кои претставуваат 60 проценти од глобалниот БДП, вклучувајќи ги Велика Британија, САД, земји од Европската Унија и Индија, a oд СЕФ кажуваат дека фалсикувани информации и расправии на социјалните мрежи ќе ја заземат главната улога за време на кампањите.

 

Според Светскиот економски форум (СЕФ), бранот на дезинформации кој произлегува од вештачка интелигенција може да влијae на идните избори и претставува најголема краткорочна закана за глобалната економија, соопшти Гардијан.

Советот го свика годишниот форум во Давос следната недела, а во меѓувреме, во својот годишен извештај за глобални ризици изрази загриженост во врска со политиката која може да биде нарушена со честото ширење на лажни информации.

Оваа година се одржуваат избори во земји кои претставуваат 60 проценти од глобалниот БДП, вклучувајќи ги Велика Британија, САД, земји од Европската Унија и Индија, a oд СЕФ велат дека фалсикувани информации и расправии на социјалните мрежи ќе ја заземат главната улога за време на кампањите.

За во наредните 10 години, екстремните временски настани и климатските промени беа именувани како најитни ризици од експертите анкетирани од СЕФ.

„Нестабилен глобален поредок кој се карактеризира со поларизирачки наративи и несигурност, влошените влијанија на екстремните временски услови и економската несигурност предизвикуваат забрзани ризици – вклучувајќи дезинформации кои се пропагираат. Светските лидери мора да се здружат за да се справат со краткорочните кризи, како и да ја постават основата за поотпорна, одржлива и инклузивна иднина“, рече Саадија Захиди, управен директор на СЕФ.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција