Дезинформатори шират невистини за „египетскиот бог Анубис“ насликан на мобилни пунктови за тестови за ковид-19

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, но и во светот.

Грчкиот сервис за борба против дезинформациите ellinikahoaxes.gr одговара на тврдења изнесени во блогови на грчки јазик, а претходно објавувани на многу други јазици – дека на една мобилна лабораторија, односно пункт за тестови за ковид-19 стои амблемот на египетскиот бог Анубис. Објавите се со фотографија од пунктот со наводниот амблем.

Анализата на ellinikahoaxes.gr покажува дека како и во објавите на Фејсбук на оваа дезинформација на англиски, шпански, француски, германски и други јазици, и во „грчкиот случај“, станува збор за фотографија од пункт на компанијата Aardvark Mobile Tours, од Пенсилванија, САД, поточно на нејзината филијала Aardvark Mobile Health.

Како што може да се заклучи, „амблемот на Анубис“ од оваа компанија, која дејствува повеќе од една деценија и нуди различни услуги, како маркетинг, логистика, организација на настани и голема флота камиони и камионети, а има и искуство во обезбедување медицински услуги преку подвижни пунктови.

Името на компанијата доаѓа од животно од редот на цицачите, кое е изворно застапено на југот на Африка, а се вика ардварк. На логото на компанијата е стилизиран лик на ова животно, а се користи уште од 2008 година. Според сличноста на логото со животното, сосема е јасно дека станува збор за приказ на животното, пишува ellinikahoaxes.gr.

 

извор: Meta.mk

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција