Директорот на финансиската полиција Арафат Муареми не избегал од државата

Фото: Принтскрин од прес-конференција на финансиската полиција

Oбвинителката Вилма Русковска претходно јавно зборуваше за пријавата со која е опфатен Муареми, по што во медиумите и на социјалните мрежи се појавија информации дека тој е во бегство. Муареми во изјава за ТВ 21 ги демантираше написите кои посочуваа дека избегал и рече дека тие имаат за цел да му го нарушат угледот. И Владата за „Вистиномер“ демантираше дека директорот на финансиската полиција е во бегство

Oбвинителката Вилма Русковска претходно јавно зборуваше за пријавата со која е опфатен Муареми, по што во медиумите и на социјалните мрежи се појавија информации дека тој е во бегство. Муареми во изјава за ТВ 21 ги демантираше написите кои посочуваа дека избегал и рече дека тие имаат за цел да му го нарушат угледот. И Владата за „Вистиномер“ демантираше дека директорот на финансиската полиција е во бегство

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој што е споделен медиумски напис кој се однесува на актуелниот директор на финансиската полиција Арафат Муареми. Текстот е насловен „Монти Пајтон држава: Директорот на финансиска полиција во бегство”.

Постот има исклучителна виралност, споделен е речиси 60 пати, има над 200 коментари и повеќе од 550 реакции.

Во медиумскиот напис се вели дека директорот на финансиската полиција Арафат Муареми го искористил своето право на годишен одмор и заминал надвор од земјата откако јавното обвинителство најавило дека ќе има откривање голем случај.

Меѓутоа, Муареми за Телевизија 21 изјави дека не е во бегство.

Тој во телефонска изјава за телевизијата ги демантираше написите кои посочуваа дека избегал и рече дека таквите написи имаат за цел да му го нарушат угледот.

Не сум во бегство. Ваквите написи се од портали блиски до опозицијата, истакна тој.

Вистиномер се обрати до Владата со прашање дали Муареми ја има напуштено државата и дали е во бегство.

Оттаму ни одговорија:

Во однос на отворената предистражна постапка во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција која се однесува на директорот на Управата за финансиска полиција, принципиелно Владата на Република Северна Македонија нема да коментира. Охрабруваме инстутициите да постапуваат како и за секој друг случај, притоа почитувајќи ја презумпцијата на невиност. Неточни се информациите пласирани во јавноста дека директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми не е во државата и истиот во овој момент ги извршува своите работни обврски како директор на Управата, изјавија од Владата за Вистиномер.

Дезинформацијата дека Муареми наводно избегал односно ја напуштил државата, се проширија на социјалните мрежи прилично брзо и во некои портали дури и беа претставувани како наводен ,,голем скандал”, како што може да се види од овој пример.

Претходно, обвинителката Вилма Русковска јавно зборуваше за пријавата со која е опфатен Муареми.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека не е вистина дека директорот на финансиската полиција, Арафат Муареми, избегал од државата.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција