Договорот за изградба на спортска сала во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ е потпишан

Од пресот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Фото: Скриншот

 

На 27.03.2016 година советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар одржа прес-конференција, на која координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар, Томислав Лазаров, меѓу другото изјави:

Апсолутно неточно е, како што тврди општината, дека градоначалникот го има потпишано договорот со кој се регулираат правата и обврските на Министерството за образование и наука и општина Центар околу изградбата на салата, кој уште на 20.1.2016 година министерството го достави до локалната самоуправа 

[Извор: Курир, Датум: 27.03.2016]

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Оваа изјава на координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Томислав Лазаров е невистинита.

Имено, уште на 14.03.2013 година, тогашниот градоначалник на општина Центар, Владимир Тодоровиќ најави дека во Основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе се изгради спортска сала.

По отстранувањето на некои правни и технички проблеми кои беа врзани и за проектот и за договорите, ние продолжуваме веднаш по изборите со изградбата на оваа сала (Тодоровиќ).

На 27.03.2016 година ВМРО-ДПМНЕ реагираше и побара градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски да го потпише документот за да може да почне изградбата на спортската сала. Притоа изјавија:

Апсолутно неточно е, како што тврди општината, дека градоначалникот го има потпишано договорот со кој се регулираат правата и обврските на Министерството за образование и наука и општина Центар околу изградбата на салата, кој уште на 20.1.2016 година министерството го достави до локалната самоуправа.

Демант на оваа реакција веднаш (27.03.2016) испратија и од Општина Центар, а во него се вели:

Советниците на ВМРО ДПМНЕ на својата прес конференција го нападнаа градоначалникот Жерновски, дека не го потпишува документот за изградба на салата во ОУ „Кирил и Методиј“, за веднаш потоа, сами да се демантираат, велејќи дека не би биле зачудени ако градоначалникот веќе го има потпишано документот. Оваа конфузна прес-конференција укажува на безидејноста на советничката група на ВМРО ДПМНЕ.

Во неверување од бројните реализирани проекти на актуелното раководсто, ВМРО ДПМНЕ повторно неосновано, напаѓа за веќе реализирани обврски на градоначалникот Андреј Жерновски. Уште еднаш ја информираме јавноста дека документот кој веќе два дена го споменува ВМРО ДПМНЕ е потишан, а салата може непречено да се гради.

Граѓаните знаат дека во овие три години се реализирани повеќе проекти отколку во сите 13 години додека беше ВМРО ДПМНЕ на власт во Центар. Од нивното владеење ќе се запаметат само спомениците и коруптивните зделки со градежната мафија. Ништо повеќе, се вели во реакцијата од Општина Центар.

Одговор дали е потпишан документот побаравме и од општина Центар. Оттаму ни испратија копија од Договорот, каде се гледа дека тој е потпишан, така што изјавата на Лазаров ја оценуваме како невистинита

dogovor sala 1

dogovor sala 2

dogovor sala 3

dogovor sala 4

 

ЛИНКОВИ:

 

Оценето од: Владе Ѓорчев

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција