ЕУ не препорачува да се уништи земјоделството

Фото: u_wqqh87ok4gPixabay

Европската Комисија веќе почна петгодишен систем за поддршка на земјоделците во форма на нова политика „Заедничка земјоделска политика”. Алоцирани се 300 милијарди евра во финансирање, вклучително со силни намери да им се помогне на фармерите да усвојат поодржливи и поотпорни практики. Повеќе од 10 проценти од директните плаќања на ЕУ, коишто претставуваат 4 милијарди евра годишно, ќе бидат алоцирани на малите фарми. Исто така зголемена е поддршката за отштета од природни катастрофи и ценовни шокови

Европската Комисија веќе почна петгодишен систем за поддршка на земјоделците во форма на нова политика „Заедничка земјоделска политика”. Алоцирани се 300 милијарди евра во финансирање, вклучително со силни намери да им се помогне на фармерите да усвојат поодржливи и поотпорни практики. Повеќе од 10 проценти од директните плаќања на ЕУ, коишто претставуваат 4 милијарди евра годишно, ќе бидат алоцирани на малите фарми. Исто така, зголемена е поддршката за отштета од природни катастрофи и ценовни шокови

 

 

Анализираме објава на Фејсбук која тврди дека препораките на ЕУ се да се уништи земјоделството.

ВМРО-ДПМНЕ нема шанси да го оживее земјоделството џабе се надате ЕУ препораките викаат да се уништи, стои во објавата.

Тврдењето дека ЕУ препорачува да се уништи земјоделството е погрешно и во прилог на тоа има многу аргументи. На пример, целта на Европската комисија е во наредните 10 години, 25 проценти од земјоделството да биде искористено за органското производство.

Ваквиот вид на земјоделство, односно органското производство, користи природни супстанци и има помалку штетен ефект врз животната средина. Земјоделците што работат органско производство користат повеќе обновливи ресурси и внимаваат да биде заштитен еколошкиот биодиверзитет преку, на пример, одговорна употреба на водата. Органското земјоделство налага и построга заштита на животните и нивните потреби.

До 2030 година, ЕУ мора да има воспоставено регулаторни инструменти кои ќе ги намалат емисиите на стакленички гасови од земјоделството, ќе ја зголемат отпорноста на земјоделското производство, ќе ја подобрат биолошката разновидност во руралните области и ќе придонесат за обезбедување на здрава храна за растечката светска популација.

Дека не е вистина оти ЕУ препорачува да се уништи земјоделството, како што тврди објавата што ја анализираме, покажува и стратешката цел на Европската комисија за дијалог за иднината на европското земјоделие. Токму благодарение на секторот за храна од земјоделието, 450 милиони луѓе имаат пристап до безбедна, здрава и достапна храна.

Претседателката на Европската комисија во септември 2023 година почна стратешки дијалог за иднината на земјоделието каде на исто место се собираат размислувањата на земјоделците, сопствениците на маркети, организации за заштита на правата на потрошувачите, финансиски институции и професори, за да споделат идеи и да ги слушнат потребите на земјоделците. Професорот Петер Штрохшнајдер е назначен за претседател на стратешкиот дијалог, со оглед на неговото долгогодишно искуство, особено како претседател на Комисијата за иднината на земјоделството во Федералната влада на Германија. Првиот состанок од стратешкиот дијалог за земјоделието се одржа на 25 јануари 2024.

Дијалогот е клучен за да се развие заедничко разбирање за иднината на земјоделието во ЕУ и на системите за храна. Во дијалогот се дискутира како може да им се даде на европските фармери и руралните средини во кои тие живеат подобра перспектива и пофер стандард на живот, како да се поддржи земјоделието во границите на екосистемот и заштитата на животната средина, како да се искористат огромните потенцијали на технолошката иновација и како да се промовира светла и победничка иднина за европскиот систем за храна во компетитивен свет.

Од ова произлегува дека ЕУ има за цел да ги подобри условите за земјоделците, а не да го уништи земјоделството.

Европската Комисија веќе почна петгодишен систем за поддршка на земјоделците во форма на нова политика „Заедничка земјоделска политика”. Алоцирани се 300 милијарди евра во финансирање, вклучително со силни намери да им се помогне на фармерите да усвојат поодржливи и поотпорни практики. Повеќе од 10 проценти од директните плаќања на ЕУ, коишто претставуваат 4 милијарди евра годишно, ќе бидат алоцирани на малите фарми. Исто така зголемена е поддршката за отштета од природни катастрофи и ценовни шокови. Во 2023 година, Европа обезбеди исклучителна помош од над 500 милиони евра за земјоделците што се најафектирани од кризите.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистинита.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција