Еувсдисинфо: Од Кремљ без љубов

Ова беше напорна недела за проруските медиуми: покрај тоа што измислија „англосаксонски“ провокации и злобни глобалистички заговори со Папата, мораше да се справат и со проблеми на домашен терен, пишува „Еувсдисинфо“, пренесе „Критинк“.

По бруталното разбивање на протестите во Русија за поддршка на затворениот опозициски политичар Алексеј Навални, неговиот тим ги повика Русите да учествуваат на мирниот протест: да мавтаат со батериски ламби пред нивните домови и да споделуваат слики на социјалните мрежи со пораката: „љубовта е посилна од стравот“.

Про-Кремљ медиумите, сепак, не ја добија пораката. Главниот сегмент на рускиот државен ТВ канал „Росија 1“ беше посветен да ги предупредува луѓето за „страшните технологии“,  кои според наводни упатства од земјите на НАТО,  се користат за поттикнување антивладини чувства.

Според руската телевизија, „технологијата со батериски ламби“ претходно била применета во Минск, Бишкек, Хонг Конг и Киев – сите места каде што про-Кремљ медиумите  видоа „фантом“поттикнат од запад и шарени револуции. Следејќи ја оваа логика, тогаш тоа било целта и на концертот на Металика во Москва во 2019 година– илјадници луѓе мавтаа со батериски ламби во воздухот и пееја заедно „англосаксонски“ песни.

Целиот напис може да се прочита тука.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција