Еувсдисинфо: Про-Кремљ медиумите со нов омилен манипулативен збор

Про-Кремљ медиумите досега ја етикетираа опозицијата  како „фашисти“, „сатанисти“, „Малтузијанци“, глобалисти…Но, од неодамна, „неолибералите“ станаа ново омилено „страшило“ – баук за про-Кремљ медиумите, пишува „Еувсдисинфо“.

Терминот „неолиберал“ не беше многу чест во базата на податоци на дезинформации, но во текот на првите недели од 2021 година тоа е веќе новиот омилен збор за прo-Кремљ медидумите. Јужниот фронт го употреби терминот скоро 30 пати за да означи нешто непријатно:  „Масовно сузбивање на слободата на говорот“; „Нов бран на цензура, политички лов на вештерки на„ белите угнетувачи “; „Обид за ребрендирање на вооружените сили на САД, вклучително и воздушните сили и морнарицата, за нови, неолиберални сили“; Рускиот дисидент Алексеј Навални е неолиберален; Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин е неолиберален. Опозицијата во Белорусија е неолиберална и нацистичка. Нападот на Капитол Хил на 6 јануари заврши, според зборовите на Јужен фронт, со победа на непријателите на народот.

Големата предност на „нео-либерализмот“ како манипулативно сретство е што концептот може да биде исполнет со сè што не им се допаѓа на левичарите, како и на десничарите. Затоа лесно може да се најдат „напади“ од десничарска перспектива, но исто толку лесно можеме да најдеме „левичарски гласови“ кои го критикуваат неолиберализмот на руските платформи, пренесе „Критинк“.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција