Фактоје: Трите невистини на министерката за здравство на Албанија

Есенската сезона заедно со загриженоста и прашањата за Ковид-19, е придружена и со страв од нов бран на инфекции како резултат на преклопување со обичниот сезонски грип. Иако има некои мали флуктуации, дневните стапки на инфекции не се намалуваат. Од друга страна,  Министерството за здравство на Албанија гарантира дека „сè е под контрола“, повикувајќи се  на бројки и компаративни илустрации, за што проверката на Албанскиот сервис за проверка на факти, „Фактоје“ покажа друга реалност.

За време на ТВ-интервју, министерката за здравство и социјална заштита на Албанија, Огерта Манастирлиу, даде неколку изјави за состојбата со Ковид во Албанија и бројот на заразени во споредба со соседите во регионот. „Фактоје“ најде неколку невистини во интервјуто на  Манастирлиу во емисијата „ Отворено “.

1) Мерките во училиштата се спроведуваат и продолжуваат да се спроведуваат – рече министерката Манастирлиу.

Според проверката направена од „Фактоје“,   со почетокот на новата учебна година во училиштата во некои градови, како  Кукс, Мирдит, Валона, ситуацијата не се совпадна со тврдењето на  Манастирлиу. Речиси сите 9-годишни училишта немаа проточна вода, додека некои други немаа тоалети, а од друга страна се бара усогласеност со протоколот и често миење на рацете.

2) Сите оние кои се ангажирани со пандемијата, добија бонуси. Сите 2.500 лекари, медицински сестри, возачи на брза помош, санитарни лица примија бонуси и ќе примаат и понатаму – изјави министерката  Манастирлиу.

Лекарите требаше да добиваат месечен бонус по илјада евра за ангажманот на „фронтот“ со Ковид -19, според заложбата изразена од премиерот Рама,  уште на почетокот на пандемијата, ветување кое според министерката Манастирлиу е исполнето. Но,  верификацијата на „Фактоје“ покажа дека во болницата „Шефќет Ндроќи“ оваа исплата не била добиена од јуни.

3) Албанија денес има најмал број на заразени во споредба со просекот на европските земји и оние во регионот, вклучувајќи го и Косово. За бројот на смртни случаи на 1 милион жители, Албанија е во позиција што ги остава назад сите земјите од регионот, исклучувајќи ја само Србија – изјави министерката  Манастирлиу.

Всушност, Албанија, во споредба со Северна Македонија, има помал број на тестови на милион жители. На пример, од почетокот на пандемијата, Северна Македонија спроведе неколкупати повеќе тестови за случаи на Ковод -19 од Албанија.  Според здравствените експерти, токму ова е причината зошто Албанија има помал број на заболени од Ковид -19 и жртви како последици на овој вирус.

Врз основа на оваа проверка „Фактоје“,  трите изјави на министерката Манастирлиу ги оцени како невистинити.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција