Фејсбук забранува нацистичка и антисемитистичка содржина

Фото: pixabay.com

Не само што Фејсбук не вели дека „Хитлер бил добар човек, демократ кој се борел за права“, како што се тврди во постот, туку и ги санкционира таквите наративи и измислици. Во однос на тенденциозната констатација дека „не е случајно“ тоа што „Зеленски е пуштен на најјако“, Фејсбук нема никаква врска креирање или споделување содржини од страна на корисниците на социјалната мрежа, кои имаат слобода да споделуваат сè додека објавите не ги прекршуваат правилата на Мета. А тоа што Зеленски е актуелен и споделуван на Фејсбук е поради фактот што тој е претседател на Украина, земја која е нападната од Русија во агресивна воена инвазија и светот целата ситуација ја следи со огромно внимание

Не само што Фејсбук не вели дека „Хитлер бил добар човек, демократ кој се борел за права“, како што се тврди во постот, туку и ги санкционира таквите наративи и измислици. Во однос на тенденциозната констатација дека „не е случајно“ тоа штоЗеленски е пуштен на најјако“, Фејсбук нема никаква врска креирање или споделување содржини од страна на корисниците на социјалната мрежа, кои имаат слобода да споделуваат сè додека објавите не ги прекршуваат правилата на Мета. А тоа што Зеленски е актуелен и споделуван на Фејсбук е поради фактот што тој е претседател на Украина, земја која е нападната од Русија во агресивна воена инвазија и светот целата ситуација ја следи со огромно внимание

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:

Фејзбук вика и Хитлер бил добар човек миротворец. 

Се борел за права и демократија затоа Зеленски е пуштен на најјако не е случајно.

Ваквото тврдење е комплетна измислица и е лесно докажливо. Наспроти изнесеното во постот што го рецензираме, уште во 2020 година, Фејсбук, односно Мета има објавено известување за корисниците на социјалната мрежа во кое посочува дека ја обновува политиката против говор на омраза и дека се забранува нацистичка и антисемитистичка содржина и каква било содржина којашто ја извртува вистината за холокаустот.

Организациите кои што ги проучуваат трендовите во говорот на омраза, објавуваат раст на онлајн напади против бројни групи во светот и ние ги продолжуваме напорите да ги отстраниме таквите содржини. Имаме отстрането повеќе од 250 групи кои поддржуваат расна супремација и ги обновивме нашите политики за да ги адресираме Кју Анон и паравоените формации и полиции. Исто така, глобално рутински отстрането индивидуи и организации и во втората четвртина од оваа година отстранивме 22.5 милиони објави од говор на омраза од нашата платформа. По целогодишна консултација со надворешни експерти, неодамна ги отстранивме и антисемитистичките стереотипи за колективната моќ на Евреите, кои често ги претставуваат како да се лидери што ја водат светската политика и нејзините најголеми институции, пишува Мета во 2020 година.

Потоа во нивното соопштение се продолжува со дополнување дека преземаат нов, дополнителен чекор за да се борат против говоорот на омраза.

Нашата одлука е поддржана од добро документиран раст на антисемитизам, глобално и алармантно ниво на незнаење за холокаустот, посебно меѓу младата популација. Според неодамнешно истражување на младите од 18 до 39 години во САД, речиси четвртина одговориле дека веруваат оти Холокаустот е мит, којшто бил преувеличен, или не биле сигурни. Институциите коишто се фокусираат на истражувања за Холокаустот и неговото паметење, забележуваат дека образованието за холокаустот е клучна компонента во борбата против антисемитизмот. Почнувајќи од оваа година ќе ги пренасочуваме корисниците до кредибилни информации надвор од Фејсбук, ако пребаруваат термини кои се поврзани со холокаустот или неговото негирање на нашата платформа. Со години работиме со заедници ширум светот кои ни помагаат да разбереме како омразата и антисемитизмот се изразуваат онлајн. Овие напори вклучуваат регуларни средби со групи кои имаат глобален досег како  World Jewish Congress и American Jewish Committee, како и организации со фокус да се заштити локалното еврејско население. Исто така, работиме со институции и групи кои се борат против омраза и антисемитизам, како Simon Wiesenthal Center. Да се воведат овие политики не може да биде работа што ќе се случи преку ноќ. Има опсег на содржини кои може да ги злоупотребат овие политики и ќе ни треба време да ги тренираме нашите системи за спроведувањето. Благодарни им сме на многуте партнери за нивниот придонес, пишува Мета во своето соопштение.

Од горенаведеното произлегува дека Фејсбук не само што не вели дека „Хитлер бил добар човек, демократ кој се борел за права”, како што се тврди во постот, туку и ги санкционира таквите наративи и измислици.

Но, ова не е единствената дезинформација во постот,  дополнително во него тенденциозно се констатира и дека „Зеленски е пуштен на најјако“, а тоа „не е случајно“

Но, содржините на Фејсбук во кои се појавува Зеленски, а кој инаку, по потекло е Евреин, се од надворешни извори, медиуми, сајтови, владини и невладини соопштенија, извештаи, институции итн… Фејсбук нема никаква врска со нивното креирање или споделување од страна на корисниците на социјалната мрежа, кои имаат апсолутна слобода да споделуваат какви сакаат содржини сè додека тоа не ги прекршува правилата на Мета. Тоа што Зеленски е актуелен и споделуван на Фејсбук („пуштен на најјако“, како што се вели во постот) е поради фактот што е претседател на Украина, земја која е нападната од Русија во агресивна воена инвазија која трае од февруари 2022 година, а светот ја следи со огромно внимание. Во такви услови, нормално е да се објавуваат и споделуваат содржини каде што претседателот на Украина се обраќа или дава изјави.

Поради сите горенаведени факти, постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит. Не е точно дека Фејсбук вели оти „Хитлер бил добар човек, миротворец кој се борел за права и демократија“.

 

 

 


 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција