Фотографија од прославата за светски шампион во фудбал, претставена како протест во Париз против мерките на Макрон

Постот свесно манипулира со јавноста доведувајќи ја во заблуда преку лажно претставување на фотографија од прославата во Париз по победата на француската репрезентација во финалето на Светското првенство 2018 година против Хрватска. На тој начин намерно дезинформира за протестите кои се одржаа во Париз на 17 јули годинава против мерките на Макрон

Постот свесно манипулира со јавноста доведувајќи ја во заблуда преку лажно претставување на фотографија од прославата во Париз по победата на француската репрезентација во финалето на Светското првенство 2018 година против Хрватска. На тој начин намерно дезинформира за протестите кои се одржаа во Париз на 17 јули годинава против мерките на Макрон

 

 

Објава на Фејсбук лажно претставува фотографија од прослава во Франција по победата на француската репрезентација во финалето на Светското првенство 2018  како протест против мерките за борба против пандемијата кои ги воведе францускиот претседател Емануел Макрон.

Фотографијата која масовно се споделува на Фејсбук е потпишана со тврдење дека е направена во Париз на 17.07.2021 година.

Нашата проверка покажа дека ова не е точно. Оваа фотографија е направена за време на прославата на Французите по победата на француската репрезентација во финалето на Светското првенство 2018 година против Хрватска. Фотографијата е направена од фотографот на Агенцијата Фрaнс прес (АФП), Лудовиќ Марин, во јули 2018 година. Фотографијата е обајвена и на Фејсбук страницата Фудбал експо на 20.07.2018 година.

Точно е дека во Франција имало демонстрации во знак на протест против плановите на претседателот  Макрон да воведе задолжителна вакцинација на здравствените работници и сертификати за вакцинација при влегување во кафулиња, ресторани и кина, но на фотографијата, која се користи за илустрација, има околу 200.000 луѓе, а на демонстрациите во Париз, како што известува Гардијан, имало околу 2.500 луѓе.

Низ целиот Париз протестираа околу 2.250 луѓе, додека други демонстрации се одржаа во Тулуз, Бордо, Монпелје, Нант и на други места. Француските власти објавија дека вкупниот број демонстранти изнесува 19.000, пренесе Гардијан.

Постот свесно манипулира со јавноста, доведувајќи ја во заблуда преку лажно претставување на фотографија од 2018 година и на тој начин дезинформира за протестите кои се одржаа во Париз на 17 јули годинава против мерките на Макрон.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција