Фотографијата не е од опожареното возило на Жежовски, туку од местото на опожарување

Фото: Принтскрин ФБ

Не е точно дека на фотографијата споделена во објавата е претставен опожарениот автомобил „цитроен“. Возилото на Жежовски не било оставено на местото на опожарувањето, туку е подигнато за вештачење. Ова за Вистиномер го потврдија од Основното јавно обвинителство – Скопје

Не е точно дека на фотографијата споделена во објавата е претставен опожарениот автомобил „цитроен“. Возилото на Жежовски не било оставено на местото на опожарувањето, туку е подигнато за вештачење. Ова за Вистиномер го потврдија од Основното јавно обвинителство – Скопје

 

 

На објава на социјалната мрежа Фесјбук споделена е фотографија од опожарување за која се тврди дека го претставува опожарениот автомобил на велешанецот Панче Жежовски, што се поврзува со неговото и со убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска. Ова не е вистина.

Колкав идиот треба да биде човек за да поверува во приказните дека вака изгледаат остатоци од опожарен автомобил?

Не многу поразлично од „терористичките напади од 11 септември“, во силниот пожар „мистериозно исчезнале“ челичната конструкција, моторот, осовините итн., но затоа пак алуминиумските регистарски таблички (во стилот на пасошите на „арапските террристи“) останале скоро неоштетени!?, пишува во објавата.

На вирална објава на Фејсбук, прикачена е фотографија на којашто може да се забележат опожарени остатоци. Според објавата, на фотографијата е претставено опожарено возилото „цитроен“ на убиениот велешанец Панче Жежовски, што беше пронајдено во атарот на селото Бразда во Скопје. Подоцна, Министерството за внатрешни работи го поврза ова возило и со убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска од Скопје. Овие две убиства ја потресоа цела македонска јавност која неуморно чека нови детали и сознанија за овој случај. Во меѓувреме, на социјалните мрежи константно се шират дезинформации и теории на заговор поврзани со овој случај.

Таква е објавата што е предмет на оваа рецензија. Не е точно дека на фотографијата споделена во објавата е претставен опожарениот автомобил „цитроен“. Автомобилот не бил оставен на местото на опожарувањето, туку е подигнат за вештачење. Ова за Вистиномер го потврдија од Основното јавно обвинителство – Скопје.

Возилото е обезбедено. Тоа е фотодокументирано и подигнато е од местото на опожарување со цел прибирање на траги. Фотографијата кој што е прикажана на објавата е местото каде што е случило опожарувањето, а возилото не е на фотографијата, велат од ОЈО Скопје за Вистиномер.

Возилото беше пронајдено од МВР на 27 ноември, за што од Министерството известија во дневниот билтен. Оттаму информираа дека до возилото била најдена регистарската табличка на автомобилот.

На 27.11.2023 било пријавено дека во 15.40 часот во с.Бразда, скопско, полициски службеници од Полициското одделение Мирковци пронашле целосно опожарено патничко возило. До возилото била пронајдена регистарска табличка со велешка ознака, за која, по извршени проверки, било констатирано дека припаѓа на патничко возило „цитроен“, сопственост на П.Ж. од Велес, за кој на 24.11.2023 во СВР Велес беше пријавено дека се оддалечил од домот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, пишува во билтенот на МВР.

Според информациите коишто ги добивме од надлежните, возилото „цитроен“ на убиениот велешанец Панче Жежовски, не е оставено на местото каде што било запалено, како што неточно се тврди на објавата на Фејсбук. Тоа е подигнато од лице место и однесено на вештачење. Затоа оваа објава ја оценуваме како невистинита. 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција