Фотографијата од Макрон со розови пижами е креирана со вештачка интелигенција

Фото: Принтскрин ФБ пост

Ако внимателно ја набљудувате фотографијата на Емануел Макрон, забележливо е дека е создадена од вештачка интелигенција. На пример, претседателот на Франција има неприродно долги прсти на десната рака, а исто така неприродно изгледа и зглобот на левата рака. Покрај тоа, принтот на неколку места од пижамите не може јасно да се види

Ако внимателно ја набљудувате фотографијата на Емануел Макрон, забележливо е дека е создадена од вештачка интелигенција. На пример, претседателот на Франција има неприродно долги прсти на десната рака, а исто така неприродно изгледа и зглобот на левата рака. Покрај тоа, принтот на неколку места од пижамите не може јасно да се види

 

Анализираме објава на Фејсбук во која е споделена фотографија од францускиот претседател Емануел Макрон облечен во розови пижами.

Само овој да не дојде за време на кампањава за Претседател. И жена ќе биде, стои во објавата.

Идентична фотографија објави и англиското издание на руското издание Правда. На виралната фотографија Емануел Макрон е облечен во розови пижами и седи на кревет. Некои корисници на Фејсбук ја доживуваат фотографијата како вистинска, што е видливо и од дел од коментарите под самата објава.

Но, фотографијата со францускиот претседател е генерирана од вештачката интелигенција.

Таа првпат беше објавена на веб-страницата на еден забавен сајт пред девет месеци, а покрај Макрон и други светски лидери носат розови пижами, пишува сајтот за проверка на фактите Митдетектор.

На 18 јуни 2023 година, еден од корисниците на забавната страница Редит објави фотографии од светски лидери обработени од вештачка интелигенција, сите, вклучувајќи го и Емануел Макрон, облечени во розови пижами ( архивирано овде).

Фотографиите, како што пишува Митдетектор, се генерирани со помош на програмата Midjourney. Официјалниот канал MidJourney, исто така, објавува фотографии на Редит, ставајќи ја објавата во категоријата „Шеги/Мемиња“.

Ако внимателно ја набљудувате фотографијата на Макрон, забележливо е дека таа е создадена од вештачка интелигенција. На пример, претседателот на Франција има неприродно долги прсти на десната рака, а исто така неприродно изгледа и зглобот на левата рака. Покрај тоа, принтот на неколку места од пижамите не може јасно да се види.

Фото: Митдетектор

Треба да се напомене дека дискредитирачките постови за Емануел Макрон зачестија откако тој не ја отфрли можноста доколку биде потребно да испрати француска војска во Украина.

Па имајќи дека фотографијата од Макрон е создадена со вештачка интелигенција, а се споделува како да е вистинска, објавата што ја анализираме ја оценуваме како неточна.

 

Овој напис е дел од заеднички проект на над 50 организации под водство на Европската мрежа за стандари при проверката на факти за справување со дезинформациите околу европските избори во 2024 година. Повеќе можете да дознаете на elections24.efcsn.com

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција