Фотографијата со Ајфеловата кула блокирана од бали сено е лажна

Фото: Принтскрин ФБ пост

Фотографијата на која се чини дека се прикажани трактори и големи бали сено поставени во близина на Ајфеловата кула, не е од протестите. Всушност, таа е создадена со помош на вештачка интелигенција. Таа беше споделена на Инстаграм од профилот наречен The Trillionaire Life минатата недела. Оригиналната објава, пак, е на инстаграм сметката ifonly.ai, која споделува фотографии генерирани со вештачка интелигенција

Фотографијата на која се чини дека се прикажани трактори и големи бали сено поставени во близина на Ајфеловата кула, не е од протестите. Всушност, таа е создадена со помош на вештачка интелигенција. Таа беше споделена на Инстаграм од профилот наречен The Trillionaire Life минатата недела. Оригиналната објава, пак, е на инстаграм сметката ifonly.ai, која споделува фотографии генерирани со вештачка интелигенција

 

 

Анализираме објава на Фејсбук која споделува фотографија направена со вештачка интелигенција, тврдејќи дека е реална и ги прикажува протестите на земјоделците во Париз.

Париз вратен во 1900-тата, стои во објавата.

Фотографијата може да се види и во друга објава во која се вели:

Француските земјоделци Париз го направија отворена плевна за сено.

Алал да им е.

Е затоа се што треба и бараат ќе дообијат.

Фотографијата на која се чини дека се прикажани трактори и големи бали сено поставени во близина на Ајфеловата кула, не е од протестите. Всушност, таа е создадена со помош на вештачка интелигенција.

Таа беше споделена на Инстаграм од профилот наречен The Trillionaire Life минатата недела. Оригиналната објава, пак, е на инстаграм сметката ifonly.ai, која споделува фотографии генерирани со вештачка интелигенција.

Се чини дека сметката на infonly.ai е со седиште во Париз и го признава Midjourney како алатка што се користи за создавање на лажни слики. На сметката дури има и забелешка дека во обид да се спречат какви било „лажни вести“ секој што споделува слики од сметката треба да наведе дека се направени со помош на алатки за вештачка интелигенција.

Фотографијата со балите сено пред Ајфеловата кула во меѓувреме е избришана од сметката на ifonly.ai, очигледно затоа што стана вирална како вистинска, но Вистиномер успеа да направи принтскрин од неа и од напомената од корисникот на сметката дека фотографијата е креирана со вештачка интелигенција и секој што ја споделува треба јасно да го наведе тоа.

Што се однесува до ситуацијата околу Ајфеловата кула – страницата SkyLive Webcams емитува слика во живо оттаму, а секој може да види дека околу знаменитоста нема сламени кули.

 

Оваа фотографија е од 4 февруари, кога се појавила и во објавата што ја анализираме, пишува БНТ во својата проверка на факти.

Локацијата на фотографија веднаш открива некои недоследности, пишува сајтот за проверка на факти Опен онлајн.

Најпознатиот споменик во Франција е опкружен од три страни со Champ de Mars, јавен парк кој оневозможува толку јасен поглед на кулата од патот, како што изгледа на фотографијата што ја анализираме. Единствено таков поглед е можен од точката Pont d’Iléna, од каде пак, не се гледаат зградите коишто се прикажани на фотографијата со балите сено.

Ајфеловата кула гледана од Понт д’Илена, Извор: Опен онлајн

Понатаму, ваквата сценска фотографија, доколку е вистинска, ќе ја преземеа многу информативни канали, што сепак не се случи, заклучува Опен онлајн во својата проверка на факти.

Дека фотографијата е лажна утврдил и Форбс во својата анализа.

Земјоделците во Франција навистина протестираат против предлозите на владата за промени во земјоделскиот сектор во земјата. Земјоделците се вознемирени поради сè што се случува – од плановите за отплата на заемот до значително повисоката стапка на самоубиства кај француските фармери во споредба со општата популација. Цените на житото, исто така, паднаа во земјата, што е еден од многуте други проблеми со кои се соочуваат земјоделците, според француската мрежа Франс 24.

Протестите на француските земјоделци ја опколија француската престолнина, но никогаш не стигнаа до центарот на Париз, а повеќето блокади во земјата беа укинати веќе на 2 февруари, откако владата вети дека ќе додели дополнителни 400 милиони евра за земјоделскиот сектор, пишува БНТ.

Подемот на алатките за создавање вештачка интелигенција во изминатите две години придонесе за поплава од лажни слики на различни веб-страници. Луѓето мора да бидат многу претпазливи кога прелистуваат сајтови како Икс или Фејсбук и да ја третираат секоја фотографија со скептицизам.

Да, протестите на земјоделците во Франција се реални, но оваа конкретна фотографија од Ајфеловата кула опколена со бали сено, е лажна. Поради тоа објавата што ја анализираме, ја оценуваме како неточна.

 

Овој напис е дел од заеднички проект на над 50 организации под водство на Европската мрежа за стандари при проверката на факти за справување со дезинформациите околу европските избори во 2024 година. Повеќе можете да дознаете на elections24.efcsn.com

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција