Графички изменета фотографија манипулира дека на украинската униформа имало нацистички симбол

Фото: Принтскрин ФБ пост

Фотографијата од објавата што ја рецензираме, на која се гледаат две лица на чии униформи има нацистички симбол е графички изменета. Странски проверувачи на факти утврдиле дека амблемот со украинското знаме е додаден со монтажа на униформата на човекот од левата страна. А орелот, пак, на ракавот на мажот од десната страна, е копиран од униформата на мажот од лево и додаден на фотографијата

Фотографијата од објавата што ја рецензираме, на која се гледаат две лица на чии униформи има нацистички симбол, е графички изменета. Странски проверувачи на факти утврдиле дека амблемот со украинското знаме е додаден со монтажа на униформата на човекот од левата страна. А орелот, пак, на ракавот на мажот од десната страна, е копиран од униформата на мажот од лево и додаден на фотографијата

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Иначе во Украина нема Нацисти, нели?

Потоа се споделува фотографија на која на англиски јазик пишува:

Хитлер би бил горд на Зеленски и неговите војници.

На фотографијата има две лица, прикажани како да се украински војници на чии униформи има  амблем на нацистички орел.

Нацистичкиот орел е симбол оригинално создаден од нацистичката партија во Германија во 1920-тите и претставувал симбол на германската влада, откако власта ја презеле нацистите. По Втората светска војна симболот бил присвоен од неонацисти во различни варијации. Симболот оригинално претставува орел кој држи свастика, но многу варијации ја заменуваат свастиката со некој друг симбол.

Оваа фотографија, споделена на Фејсбук, на која се гледаат двете лица на чии униформи има нацистички симбол, е графички изменета.

Како што пишуваат проверувачите на факти на Стоп Феик  амблемот со украинското знаме е додаден со монтажа на униформатата на човекот од левата страна. А орелот, пак, на ракавот на мажот од десната страна, е копиран од униформата на мажот од лево и додаден на фотографијата

И проверувачите на факти на Фактчек.бг пишуваат дека со помош на алатката „ви верифај“ утврдиле дека фотографијата е технички манипулирана, односно амблемот со украинското знаме е додаден на униформата, а орелот на ракавот на човекот од десната страна е дупликат од истиот амблем на човекот што е лево и, исто така, додаден на униформата.

Алатката „ви верифај“ овозможува верификација на фотографии со користење на различни алгоритми. Алгоритмот „ghost“ компресира и процесира делови од фотографијата за да нагласи регии кои потекнуваат од различна фотографија. Белите, светло сините и зелените делови кореспондираат со можни траги од монтажа односно менување на фотографијата:

Вистиномер повеќепати пишуваше за обидите вината за воената инвазија на Русија врз Украина да се префрли на Украина поради наводната соработка на Киев со нацистичка Германија во Втората светска војна. Дури и со монтирана фотографија снимена во Русија се обвинуваше Украина дека е „нацистичка“.

Поради сите горенаведени факти, објавата што ја рецензираме ја оценуваме како објава во која содржината е изменета (altered content).

 

 



 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција