Графички изменето видео злоупотребено за да се исмее Бајден

Фото: Принтскрин видео

Тонот на видеото од објавата е изменет и не кореспондира со оној на оригиналното видео од прес-конференцијата по средбата на Бајден и Зеленски (12 декември), објавено во престижниот Форбс. Аудиото е технички обработено, избистрено, па се добива впечаток дека Бајден се насмевнал на конкретно новинарско прашање. Но, дури и некој од новинарите да го поставил прашањето „дали Бајден сака Украина да победи“, не може со сигурност да се тврди дека тој се насмеал баш на тоа прашање, со оглед на тоа што по средбата немало официјален дел за новинарски прашања, па откако настанот завршува се слуша како новинарите се надвикуваат и истовремено поставуваат мноштво прашања

Тонот на видеото од објавата е изменет и не кореспондира со оној на оригиналното видео од прес-конференцијата по средбата на Бајден и Зеленски (12 декември), објавено во престижниот Форбс. Аудиото е технички обработено, избистрено, па се добива впечаток дека Бајден се насмевнал на конкретно новинарско прашање. Но, дури и некој од новинарите да го поставил прашањето „дали Бајден сака Украина да победи“, не може со сигурност да се тврди дека тој се насмеал баш на тоа прашање, со оглед на тоа што по средбата немало официјален дел за новинарски прашања, па откако настанот завршува се слуша како новинарите се надвикуваат и истовремено поставуваат мноштво прашања

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Претседателе Бајден, дали мислите дека Украина може да ја добие оваа војна?
 Да или не?
Одговорот е типичен за морон. 

Во склоп на објавата се споделува видео на кое се слуша глас како прашува: ,,Претседателе Бајден дали сакате Украина да ја добие оваа војна, да или не?”, а во тој момент Бајден се насмевнува. Во просторијата каде што е Бајден се слушаат и други гласови.

Вистиномер го пронајде оригиналното видео од настанот објавено на Јутјуб Каналот на Форбс. Во него, е претставена заедничката средба што претседaтелот на САД, Џо Бајден и претседателот на Украина, Володимир Зеленски ја имаа во Вашингтон (12.12.2023). На средбата Бајден кажа дека доколку Конгресот не ја изгласа помошта за Украина пред одморот за празниците, тоа ќе биде најдобар божиќен подарок за Путин. Тој додаде дека потпишал 200 милиони долари за Украина и дека тие таму ќе пристигнат брзо.

Одлуките што ги носиме сега ќе ја детерминираат иднината следните децении, особено во Европа. Ова е еден од тие моменти. Конгресот треба да ги одобри паричните средства за Украина пред празниците, пред да му го дадат на Путин најдобриот божиќен подарок, изјави Бајден.

На видеото објавено од средбата на Јутјуб каналот на Форбс, се гледа дека прво изјави даваат Бајден и Зеленски, а потоа Бајден открива дека потпишал документ за уште 200 милиони долари за Украина (приближно 4 минута и 14  секунда на видеото).

Откако кажува дека потпишал 200 милиони долари да бидат дадени за Украина, Бајден се заблагодарува и од односот се гледа дека нема намера да одговара на никакви новинарски прашања. Дури и членовите на неговиот кабинет задолжени за протокол и односи со јавност ги упатуваат новинарите да ја напуштат салата и им се заблагодаруваат. Бајден не одговара на ниедно прaшање.

На оригиналното видео од прес-конференцијата објавено на Форбс, од позадина се слушаат мноштво гласови како поставуваат прашања, ама ниедно не е одговорено од Бајден (погледнете со почеток на 4 минута и 25 секунда од видеото). На видеото од Форбс не може да се слушне толку јасно и избистрено гласот кој според објавата што ја рецензираме прашува: „Дали сакате Украина да ја добие оваа војна, да или не?”.

Можеби некој од новинарите го прашува тоа во мноштвото прашања, но дефинитивно е дека не станува збор за дел од конференцијата определен за прашања и одговори, така што не може да се каже дека Бајден се насмеал баш на тоа прашање. Во конкретниот случај, многуте прашања новинарите ги дофрлаат истовремено, односно тие се надвикуваат, а Бајден не одговара никому.

Се забележува дека во објавата што ја рецензираме има графичка измена (altered content). Тонот на видеото од објавата е изменет и не кореспондира со оној на оригиналното видео од прес-конференцијата, објавено во престижниот Форбс. Аудиото е технички обработено, избистрено, па  се добива впечаток дека Бајден се насмевнал на конкретно новинарско прашање. Но, дури и некој од новинарите да го поставил прашањето „дали Бајден сака Украина да победи“, не може со сигурност да се тврди дека тој се насмеал баш на тоа прашање со оглед на тоа што по средбата на Бајден и Зеленски (12 декември) немало официјален дел за новинарски прашања, па откако настанот завршува се слуша како новинарите се надвикуваат и истовремено поставуваат мноштво прашања.

 

 



 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција