Грета Тунберг не ги повикала Кинезите да се откажат од традиционалните стапчиња за јадење

Фото: Argo ImagesPixabay

Нема докази дека климатската активистка Грета Тунберг дала изјава во која ги повикала Кинезите да се откажат од традиционалните стапчиња за јадење, уште помалку дека Кинезите ѝ вратиле да престане да користи тоалетна хартија. Ваквата наводна изјава на Грета циркулира на интернет од јануари 2020 година и истата не е потврдена од ниту еден веродостоен извор. Тимот на Грета во изјава за Ројтерс потврдил дека таа никогаш не дала таква изјава

Нема докази дека климатската активистка Грета Тунберг дала изјава во која ги повикала Кинезите да се откажат од традиционалните стапчиња за јадење, уште помалку дека Кинезите ѝ вратиле да престане да користи тоалетна хартија. Ваквата наводна изјава на Грета циркулира на интернет од јануари 2020 година и истата не е потврдена од ниту еден веродостоен извор. Тимот на Грета во изјава за Ројтерс потврдил дека таа никогаш не дала таква изјава

 

 

Анализираме објава на Фејсбук која тврди дека шведската активистка за климатски промени Грета Тунберг ѝ рекла на кинеската влада „да престане да користи традиционални стапчиња за јадење“. Објавата е споделена и тука.

Грета ги повика Кинезите да се откажат од традиционалните стапчиња и да ги спасат дрвјата. Кинезите ја повикаа Грета да се врати на училиште и да научи дека тие се направени од бамбус, а бамбусот е трева. Кинезите ја повикаа Грета и нејзините пријатели да не го бришат газот со тоалетна хартија затоа што тие се направени од дрво, стои во објавата која е придружена со фотографија од Грета Тунберг.

Вистиномер не најде никаков доказ од веродостоен извор кој потврдува дека Тунберг некогаш дала слични изјави.

Тимот на Тунберг, во изјава за Ројтерс, потврдил дека таа никогаш не дала таква изјава.

Ова тврдење најрано се појавило во твит од 14 јануари 2020 година (овде), пишува Ројтерс. Твитот, кој не споменува ниту една конкретна земја, ја вклучува изјавата:

Грета рече, не користете стапчиња за јадење, бидејќи тие се симбол на уништување на животната средина.

Норвешкиот проверувач на факти Фактишк (faktisk.no) објави дека тврдењето потоа било објавено на форумот Quora, со наслов: „Што мислите за Грета Тунберг што побарала од Кина да ги забрани стапчињата за јадење?“, а потоа истото било пренесено на неколку руски блогерски страници.

Пребарувањето на Гугл на руски покажува дека тврдењето дека Грета им рекла на Кинезите да се откажат од традиционалните стапчиња за јадење, било објавено на руски блогови на 23 јануари 2020 година (овде), 24 јануари (овде) и 29 јануари (овде, овде).

Данскиот проверувач на факти TjekDet во својата анализа заклучил дека нема индикации оти Грета Тунберг побарала од Кинезите да престанат да користат стапчиња за јадење.

На 3 јануари 2020 година, Тунберг изјави за јапонскиот медиум Kyodo News дека е подготвена да патува во азиските земји, вклучувајќи ги Кина и Јапонија. За време на интервјуто, Тунберг не спомна стапчиња за јадење, заклучува Ројтерс.

Така што, нема докази дека климатската активистка Грета Тунберг дала изјава во која ги повикала Кинезите да се откажат од традиционалните стапчиња за јадење, уште помалку дека Кинезите ѝ вратиле да престане да користи тоалетна хартија. Ваквата наводна изјава на Грета циркулира на интернет од јануари 2020 година и истата не е потврдена од ниту еден веродостоен извор. Тимот на Грета во изјава за Ројтерс потврдил дека таа никогаш не дала таква изјава. Според тоа, објавата што ја анализираме ја оценуваме како неточна.

 

Овој напис е дел од заеднички проект на над 50 организации под водство на Европската мрежа за стандари при проверката на факти за справување со дезинформациите околу европските избори во 2024 година. Повеќе можете да дознаете на elections24.efcsn.com

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција