Груевски: Заев отвораше градинки со Жерновски
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во своето обраќање на Годишната конференција на Унијата на жени нa партијата, меѓу другото, рече:
Гледам дека деновиве, нашите опоненти и нивните медиумски подржувачи го отвораат прашањето зошто јас се појавувам на разни настани поврзани со остварувањата на ветувањата дадени на изборите, и со проектите за добробит на народот. Нема да им одговарам во стилот зошто Заев отвараше градинки со Жерновски, или Бранко удираше камен темелник на базен во Куманово или слично.
[Извор: Курир, Видео: 1.11.00-1.11.35 Датум:24.01.2016 ]
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
На 28.10.2015 година, А1он.мк, објави видое на кое јасно се гледа кој ја сече лентата на отворањето на градинката „Кочо Рацин“ во Општина Центар (Андреј Жерновски н.з.).
Медиумите, исто така, пренесоа дека претседателот на СДСМ, Зоран Заев присуствувал како гостин:
Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски денеска ја пушти во употреба новата зграда на градинката „Кочо Рацин“ во скопската населба Капиштец. На свечениот настан присуствуваа претседателот на СДСМ Зоран Заев, амбасадори, советници и голем број на граѓани. По повеќе од 40 години, централното градско подрачје добива нов објект за сместување на дечиња, кој воедно претставува најголема и најсовремена градинка на територијата на целата земја.
Од ова јасно се гледа дека изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски е невистинита.
ЛИНКОВИ:
- А1он.мк (28.10.2015): Отворена најголемата и најсовремена градинка во Македонија [Пристапено на 25.01.2016 ]
- Build.mk (28.10.2015): Отворена најголемата и најсовремена градинка во Македонија [Пристапено на 25.01.2016 ]
Оценето од: Владо Ѓорчев
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар