ХААРП ниту е, ниту може да биде виновен за климатските промени

Фото: TumisuPixabay

Дури 97 проценти од климатските научници ширум светот се согласуваат дека климатските промени се реални и во дени од човековата активност. Во научниот свет тоа е консензус. ХААРП, е високо фреквентна активна истражувачка програма на поларната светлина, но теоретичарите на заговор велат дека ХААРП е дизајниран да произведува земјотреси и други природни катастрофи, како и промена на временските услови. Сепак, научниците и метеоролозите велат дека ХААРП не може да го промени времето, а камоли да предизвика земјотреси

Дури 97 проценти од климатските научници ширум светот се согласуваат дека климатските промени се реални и во дени од човековата активност. Во научниот свет тоа е консензус. ХААРП, е високо фреквентна активна истражувачка програма на поларната светлина, но теоретичарите на заговор велат дека ХААРП е дизајниран да произведува земјотреси и други природни катастрофи, како и промена на временските услови. Сепак, научниците и метеоролозите велат дека ХААРП не може да го промени времето, а камоли да предизвика земјотреси

 

 

Објава на социјалната мрежа Фејсбук тврди дека климатските промени не постојат, туку дека за тоа е виновен ХААРП. Ова е не точно. Климатските промени се научна докажана појава, а „озлогласениот“ ХААРП е една од најраспространетите теории на заговор во изминатите неколку години, кои често можат да се најдат на социјалните мрежи.

КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ ???
НЕМА ПРИРОДНИ КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ ТУКУ ВЕШТАЧКИ ПРОМЕНИ !!!
ХАРПОТ ТРЕБА ДА СЕ УНИШТИ !!!, пишува во постот.

Фејсбук објавата, која е предмет на оваа рецензија, ги манипулира корисниците на социјалните мрежи дека не постојат климатски промени, односно дека нема природни промени, туку дека тие се вештачки креирани. Според објавата, ХААРП е виновен за промените коишто ги чувствуваме.

 

Климатските промени се реалност

Дури 97 проценти од климатските научници ширум светот се согласуваат дека климатските промени се реални и водени од човековата активност. Во научниот свет тоа е консензус.

Научни докази покажуваат дека човечките активности (првенствено човечкото согорување на фосилни горива) ја загреале површината на Земјата и нејзините океански басени, што пак, продолжува да влијае врз клима та на Земјата. Оттаму, според повеќекратните студии објавени во рецензирани научни списанија,трендовите на затоплување на климата во изминатиот век се исклучително веројатни поради човечките активности. Покрај тоа, повеќето од водечките научни организации ширум светот објавија јавни изјави со кои ја поддржуваат оваа позиција. Тука може да најдете листа на овие организации, заедно со линкови до нивните објавени изјави и избор на поврзани ресурси.

Глобалното затоплување предизвикува зголемување на просечната температура на површината на Земјата. Ова не само што ги зголемува веројатните топлотни бранови и суши, туку, исто така, предизвикува промени во нашите природни климатски системи. Овие промени ги прават екстремните временски настани поверојатни и посериозни. На пример, ураганите и бурите стануваат поинтензивни, се движат побавно и им треба подолго време за да стивнат.

Овој тренд е дел од климатските промени, кои многу луѓе го сметаат за синоним за глобалното затоплување. Научниците претпочитаат да го користат терминот „климатски промени“, кога ги опишуваат сложените промени кои сега влијаат врз временските и климатските системи на нашата планета. Климатските промени опфаќаат не само зголемување на просечните температури, туку и екстремни временски настани, поместување на популациите и живеалиштата на дивиот свет, пораст на морињата и низа други влијанија.

ХААРП, од друга страна, ниту е, ниту може да биде виновен за климатските промени.

ХААРП, е високо фреквентна активна истражувачка програма на поларната светлина кој е заеднички проект од различни партнери: индустријата, американското министерство за одбрана и бројни универзитети ширум САД. Научниците направија лабораторија во Гакони, Аљаска, и инсталираа 180 високофреквентни антени, кои заедно можат да емитираат 3.600 киловати радио бранови на фреквенциите од 2.8 до 10 мегахерци (високфреквентен ранг), што им овозможува на особено чувствителните инструменти да ги измерат физичките процеси кои се одвиваат во тој појас.

Работата на истражувачкиот објект беше префрлена од Воздухопловните сили на САД на Универзитетот во Алјаска, Фербенкс, на 11 август 2015 г., дозволувајќи му на ХААРП да продолжи со истражување на јоносферската феноменологија преку договор за соработка за истражување и развој за користење на земјиштето.

Поради вградени нови технологии, САД овие антени ги употребуваат и во комуникациите и во особено длабоките делови од морињата или земјата. Но, не е точно тврдењето дека овие антени можат да влијаат врз промените на климата, дека предизвикуваат земјотреси или промени во расположението кај луѓето.

На официјалната веб-страница на проектот се вели дека „ги проучува својствата и однесувањето на јоносферата“:

Јоносферата се протега на околу 50 до 400 милји над површината на Земјата, точно на работ на вселената. Заедно со неутралната горна атмосфера, јоносферата ја формира границата помеѓу долната атмосфера на Земјата – каде што живееме и дишеме – и вакуумот во вселената.

Теоретичарите на заговор велат дека ХААРП е дизајниран да произведува земјотреси и други природни катастрофи, како и промена на временските услови. Сепак, научниците и метеоролозите велат дека ХААРП не може да го промени времето, а камоли да предизвика земјотреси.

Радио преносите од ХААРП предизвикуваат само мали ефекти во јоносферата кои траат краткотрајно, неколку секунди. Нема докази дека ХААРП може да предизвика природни катастрофи или да влијае врз човековите движења и мисли.

Иако теоријата на заговор дека „климатските промени не постојат“ е заснована на дезинформации и постојат докази кои го побиваат оваа тврдење, сепак, во неа веруваат речиси половина од граѓаните. Истражувањето на „Институт за демократија“ од ноември 2021 година покажа дека 46 отсто од граѓаните веруваат дека климата се контролира со сателити и радари (ХААРП), а 29 отсто мислат дека климатските промени се измислица.

Од сите наведени факти заклучуваме оти дезинформација е тврдењето дека климатските промени не постојат, дека се вештачки и дека за тоа е виновен ХААРП.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција