Исполнето ветување за проверка на вашето такси

Фото: Скриншот

 

Мобилната апликација за да го проверите вашето такси беше ветена во предизборната програма на владејачката партија ВМРО ДПМНЕ во 2014 година, и е исполнета.

Со апликацијата се предвидува проверка на лиценцата и проверка на досието на возачот што сте го повикале или ви го испратиле. Еве го ветувањето дадено во програмата на партијата:

Проектот предвидува изработка на онлајн апликација преку која граѓаните ќе може да ги проверат лиценцата на таксито и досието на возачот. На тој начин ќе се подигнат конкурентноста и професионалноста на таксистите и ќе се обезбеди посигурен и побезбеден транспорт на патниците… (Рок: 2015 година)

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Апликацијата, претпоставува овозможување на лесна и брза проверка на бараните податоци на сите што користат паметни телефони со андроид оперативен систем. изработено.

Се обативме до неколку такси компании, од каде што ни рекоа дека не слушнале за такво нешто.

Но, со проверка на интернет се доаѓа до апликацијата „Провери го моето такси“, која е поврзана со Министерството за транспорт и врски на Владата на РМ.

На едноставниот интерфејс имате можност да ја проверите валидноста на такси лиценцата според бројот на лицнцата или според регистрацијата на возилото, но исто така имате моженост за проверка и според податоците од диспечерот – името на такси компанијата и бројот на возилото. По внесување на бараните податоци тие се испраќаат до Министерството, по што за експресно кратко време добивате известување дали се возите со лиценцирано такси возило или не.

Има уште една друга апликација која се вика Моето такси и која може на прв поглед да ве збуни. Но, тука станува збор за апликација на приватен бизнис сектор, која се однесува на брзо пронаоѓање на слободно такси од некоја компанија и кое по повикот можете да го следите движењето на повиканото такси преку GPS.

 

ЛИНКОВИ:ЛИНКОВИ:

 

Оценето од: Тео Блажевски

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција